Регион
Станишев: Единственото место за дијалог меѓу партиите е во Парламентот

Подготвени сме да разговараме со сите политички сили, но само со оние што се во Парламентот, истакнал лидерот на Бугарската социјалистичка партија, Сергеј Станишев, пренесува „Фокус“.
„Од ГЕРБ ( партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ) очекуваме само едно нешто, а тоа е да го завземат своето место во бугарскиот парламент. Ние се наоѓаме во парламентарна република, а тоа е најголемата парламентарна група“, изјавил Станишев, додавајќи дека надвор од парламентот, не се возможни никакви други меѓупартиски средби, било да се тоа формални или, пак, неформални.
Во меѓувреме пак, политичката криза во земјата се продлабочува и со протестите против бугарскиот премиер Пламен Орешарски.
Веќе еден месец, секој ден голем број на демонстранти протестираат пред зградата на Министерскиот совет, барајќи отказ поради изборот на Дељан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност. /крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.