Регион
Косовската полиција се судри со демонстрантите во Митровица
Во протестите на мостот кој и поврзува северниот српски и јужниот албански дел од Косовска Митровица во неделата попладнето повредени се најмалку двајца полицајци, повеќе демонстранти и еден новинар, јавуваат медиумите
Безредијата во овој град во северниот дел од поранешната српска покраина Косов и Метохија, каде што албанските власти во Приштина во 2008 година еднострано прогласија независност, како што јаваат Б92 и Радиотелевизија Србија (РТС), избувнале во јужниот дел од Косовка Митровица во текот на протестите на Албанците коишто се спротиставуваат на поставувањето на Паркот на мирот кој Србите решија да го постават на мостот преку реката Ибар, откако минатата седмица ги отстранија барикадите од песок и бетонски блокови.
Косовските медиуми јавуваат дека се запалени неколку автомобили, како и дека во близина на мостот биле забележани возила на брзата помош како превезуваат повредени. Приштинските медиуми, исто така, јавуваат дека косовската полиција успеала да ги оддалечи демонстрантите на околу 300 метри од мостот.
Протестите поради подигнувањето на Паркот на мирот започнаа во неделата попладне, а демонстрантите со камења ги нападнале припадниците на косовската полиција и на меѓународните мировни сили (КФОР), кои возвратиле со солзавец и шок бомби.
На другата страна од мостот се собрала група од неколку стотици Срби којашто ги следи протестите и ситуацијата во јужниот дел од градот, а меѓу нив бил и градоначалникот на северниот дел од Косовска Митровица, Горан Ракиќ.
Белградските електронски медиуми повикувајќи се на своите дописници од градот јавуваат дека на мостот и околу мостот се напаѓаат силни единици на косовската интервентна полицијата како и припадниците на американскиот, италијанскиот и полскиот контингент на КФОР.
Градоначалникот на јужниот дел на Косовска Митровица, Агим Бахтири, изјави претходно дека новата барикада на мостот во вид на парк мора да биде отстранета.
Одлуката на Србите од северниот дел на Косовска Митровица по три години да ја отстранат барикадата на мостот преку Ибар која ги раздвојува српскиот – северниот и јужниот – албанскиот дека на градот беше поздравена и од меѓународните претставници на Косово, но наиде на и осуди./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.