Регион
4-годишно девојче почина во Косово, го претепале децата на вујкото
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/bolnica-kosovo.jpg)
Четиригодишно девојче од Ѓаковица, Косово, починало вчера во болница во Приштина под сѐ уште неразјаснети околности.
Се сомнева дека им подлегнала на повредите што ѝ ги нанеле децата на вујкото, пишува српски „Телеграф“. Во болницата во Приштина била донесена во тешка состојба, а лекарите ѝ рекле на мајка ѝ дека има сериозни повреди потелото нанесени од децата на вујко ѝ, со кои наводно си играла во дворот од куќата.
Таа дојде да го посети со мајка си. Мајка ѝ Хајра рече дека девојчето ѝ кажало дека ја тепале деца од семејството на вујкото.
„Кога ја зедов в раце, не можеше да оди, само плачеше“, рекла мајката.
Девојчето имало модринки во долниот дел на грбот и имало оток на градниот кош, констатирале лекарите во Ѓаковица, но поради сериозноста на повредите за кои подоцна било констатирано дека се и во пределот на главата, веднаш ја префрлиле во Приштина.
Иако лекарите во Ѓаковица констатирале повреди, мајка ѝ изјавила дека има друга причина за смртта. Таа тврди дека дежурниот лекар во болницата во Приштина среде ноќ ѝ рекол дека девојчето има голема инфекција и поради тоа крвави.
Лекарскиот одбор се согласил со оваа причина за смртта, па на прашањето дали инфекцијата настанала со тепање или несоодветен третман, ќе се одговори подоцна.
Ова ќе го утврди истрагата бидејќи надлежниот обвинител донел наредба за поведување истрага за смртта, а се очекува и пријава од Институтот за судска медицина, каде што телото е испратено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.