Регион
Албанската дрога со авиони се пренесува во Италија
Италијанската полиција соопшти дека открила и запленила 80 килограми дрога од типот ’марихуана’ која била пренесена од Албанија во Италија.
Албанските медиуми јавија дека властите во Рим до сега имале откриено неколку пратки со дрога пренесени со мали авиони од Албанија во Италија. Истите извори пренесуваат дека албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири допатувал во Италија во врска со шверцот со дрога со авиони.
Албанската опозиција во понеделникот побара оставка од албанскиот министер за внатрешни работи, а на средбата со новинарите Демократската партија посочи и изјава на поранешен прв човек на Фиер во секторот Антидрога, во која тој тврди дека Тахири е замешан во организираниот шверц со дрога со авиони од Албанија во Италија.
Албанското МВР демантираше и нагласи дека многу скоро точно ќе се пренесат во јавноста деталите околу авионското пренесување на албанска дрога во Италија. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите
Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац.
Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите.
Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа.
Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку од два отсто од гласовите за да победи и да го добие вториот претседателски мандат уште тогаш.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.
Регион
(Видео) Хаварија во Црна Гора: силниот ветер предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија
Поради крајно неповолните временски услови, предизвикани од бурен ветер, дошло до испад на 110 киловолтен далновод „Можура-Улцињ“, што предизвикало прекин во снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите во најјужната црногорска општина, објави Црногорскиот електропреносен систем.
Во објавата на ЦГЕС на Фејсбук се наведува дека нивни екипи се на терен и вршат активности за што поскоро да биде пуштен во употреба далноводот „Можура-Улцињ“.
Од граѓаните побараа трпение и разбирање додека не се отстрани дефектот и не се воспостави редовно снабдување.
Дефектот на далноводот Бар110 Улцињ се случи во 11 часот и 34 минути, кога покрај Улцињ без струја останаа и Стари Бар и Велики Пијешак.
Екипите на ЦЕДИС се на терен и и покрај тешките услови за работа поради силните ветрови, се обидуваат да го отстранат дефектот , соопшти ЦЕДИС.
Освен силниот ветер, улиците и плажите во Улцињ се затрупани со снег.