Регион
Албанската опозиција бара разрешување на министерот Тахири за изјавата за тероризмот

Албанската опозиција во петокот остро реагираше на изјавата на албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири дадена по средбата со неговата македонска колешка Гордана Јанкулоска, во која тој нагласува дека Тирана смета оти треба да се бори и против етничкиот тероризам.
„Оваа е срамна изјава на албанскиот министер“, се наведува во реакцијата на Демократската партија на Албанија која е главна опозициска партија во земјата. „Ова е најсрамната изјава дадена во историјата на Албанија и Албанците“, истакна во изјавата пратеникот и поранешен министер во владата на Сали Бериша, Алдо Бумчи пренесувајќи го ставот на опозицијата „Еден албански министер да говори за борба против етнички радикализам на Албанците во Македонија, наместо да бара спроведување на Рамковниот договор од Охрид, нé потсетува на времето кога така говореше Слободан Милошевиќ“, се наведува во реакцијата и притоа се додава дека официјална Тирана со оваа изјава на Тахири го легитимира ставот дека Албанците преставуваат опасност и дека тие се терористи. „Поради тоа, неопходно е владата на Еди Рама да го разреши на министерот Тахири“, изјави Бумчи.Инаку, во својата изјава дадена пред медиумите, албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири изјави дека „Регионален, но и глобален предизвик за нас останува верскиот и етничкиот тероризам. Бидејќи криминалот не познава граници, заедно со министерката Јанкулоска одлучивме да соработуваме и заедно да се бориме против радикализмот и криминалитетот“, истакна Тахири. /крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.