Регион
Албански политичари вмешани во милионски злоупотреби со ЧЕЗ

Над 350 милиони евра се злоупотребени и се влезени во џебот на неколку албански политичари од договорот што го склучила Чешката компанија „ЧЕЗ“ која вршеше дистрибуција на електричната енергија во Албанија со албанската компанија ДИА, која потоа требаше да ги собере долговите што кон ЧЕЗ ја имаат албанските корисници.
Ова го тврдат официјални институции во Албанија кои наведуваат дека во овој милионски скандал рака имаат и одредена актуелни и поранешни раководители на земјата. Како власта така и опозицијата се согласија за скандалот наречен –ЧЕЗ да се обезбеди странска истрага.
Еден од најспоменатите во скандалот претседателот на Собранието Илир Мета вели дека неопходна е целосна странска експертиза на случајот, а истото го нагласува и екс премиерот и претседателот на државата Сали Бериша.
Медиумите наведуваат дека албанската компанија ДИА која ги презела обврските за собирање на долговите што фирмите и населението ги имало кон ЧЕЗ, не успеа да ги собере долговите, кои потоа ги платила владата. Исто така, медиумите наведуваат дека и заминувањето на Чесите од Албанија е сторено на многу скандалозен начин во кој е вклучена и поранешната влада на Албанија./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.