Регион
Албанскиот претседател Нишани новата 2015-та ја започна без мустаќите

Албанскиот претседател Бујар Нишани на почетокот од новата година, во јавноста се појави со нов имиџ – без мустаќи.
Нишани кој во јавноста беше препознатлив по мустаќите, се појави избричен во својата новогодишна порака во којашто изрази уверување дека 2015 година ќе биде година на смирување на политичките тензии во земјата и продолжување на чекорите на Албанија во процесите на европската интеграција.
Нишани, исто така, изрази верба дека ќе бидат надминати одредени проблеми кои постојат меѓу власта и опозицијата по враќањето на опозицијата во албанското Собрание.
Медиумите во Тирана нагласуваат дека бричењето на мустаќите на албанскиот претседател, е само почеток на смената на неговиот политички имиџ и доказ дека тој нема да подлегне на притисоците на од власта и од опозицијата во донесувањето на одлуките кои се во негова надлежност. Првиот негов успех, според истите извори, е прифаќањето на предлогот за Гувернер на народната банка на Албанија да го именува Гент Сејко предложен од страна на опозицијата./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.