Регион
Amnesty International во Хрватска пред бришење од судскиот регистар

Tрговскиот суд во Загреб ја затвори стечајната постапка за невладината меѓународна организација за човекови права Amnesty International на Хрватска (AIH), поради недоволноста на масата за покривање на доспеаните трошоци од стечајната постапка од 104.000 куни, околу 14 илјади евра, и откако одлуката ќе стане правосилна AIH ќе биде избришана од судскиот регистар.
Решението на Трговскиот суд во Загреб следеше по Собранието на доверителите на AIH, одржано кон крајот на март, на кое доверителите не се спротиставија на предлогот за запирање и затворање на стечајната постапка, потсетува агенцијата Hina.
Решението за затворање на стечајот е донесено три години откако над ова здружение за заштита и промовирање на човековите права беше отворен стечај, бидејќи остана без извори за финансирање и не можеше да ги исполнува своите финансиски обврски,
Поради ограничениот буџет, но и финансиски и правни проблеми, челниците на меѓународната организација Amnesty International донесоа кон крајот на 2012 година одлука за престанок на давање бесповратни средства на органокот во Хрватска кој во тоа време имаше директорка и двајца вработени.
Оваа организација дејствуваше во Хрватска од 1993 година, а хрватската филијала е основана следната година и се финансираше од страни донатор, покривната организација и од членарина на членовите и спонзори, кои според процените, ги имало околу 4.000./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.