Регион
Aнтитерористичка операција во Истанбул
Истанбулската антитерористичка полиција изведе во четвртокот утрото голема операција во областа на овој турски мегалополис против крајно левичарските групации, ден откако беше нападната полициска станица и беше по неколку месеци повторно пукано пред историскиот комплекс Долмабахче во кој се наоѓа кабинетот на премиерот.
Повеќе осомничени лица се уапсени во рациите спроведени во Саријер и Балталимани, квартови во европскиот дел на Истанбул, пренесува приватната новинска агенција Dogan.
Полициската акција била насочена против Револуционерната партија/фронт за ослободување на народот (DHКP-C), забранета радикална марксистичко-троцкистичка групација којашто во средата ноќта ја презема одговорноста за нападот врз полициска патрола и пред палатата Долмабахче, којашто потекнува од Отоманскиот период, во којашто покрај историско-туристичкиот комплекс е сместен и кабинетот на исламско-конзервативниот премиер Ахмет Давутоглу.
„Ќе ги скршиме рацете (…) кренати врз двајцата народни борци кои барајќи правда го изведоа нападот врз палатата Долмабахче“, истакна групата на својата интернет страница Halkin Sesis. DHKP-C ја презема одговорноста и за нападот врз американскиот конзулат во Истанбул од 9-ти август, а пред две години и за нападот врз амбасадата на САД во турската престолнина Анкара.
Двајца вооружени мажи се уапсени откако истрелале неколку куршуми во близината на палатата Долмабахче близу Босфор. Во нападот немаше повредени. Двајцата напаѓачи беа уапсени и кај нив се пронајдени рачни бомби и автоматски пушки, се наведува во соопштението на кабинетот на гувернерот на областа Истанбул, и можеби се поврзани со нападот врз просториите на владејачката исламско конзервативна Партија на правдата и развојот (АКР), која владее со Турција од 2002 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.
Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група, составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија, Анте Шушњар, често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.

