Регион
Атентат врз градоначалник по предизборен митинг на Ердоган
Пет лица од кои тројца се полицајци се ранети во југоисточна Турција, објави во понеделникот градоначалникот на Чејланпинар кој тврди дека неговиот автомобил бил нападнат од страна на курдски милитанти додека се враќал од предизборниот собир на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Градоначалникот Мендерес Атила, кој е член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКР) изјавил дека автомобил бомба експлодирал во неделата навечер додека минувал низ градот Чејланпинар и дека ранети се тројца полицајци. Напаѓачите потоа пукале и ги раниле неговиот возач и личниот телохранител.
Забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) не се огласи по повод овој напад, но доколку се потврди нејзината вмешаноста, тоа ќе претставува сериозен удар за напорите да се стави крај на триесетгодишниот бунт на Курдите коишто бараат автономија во југоисточна Турција, во коишто загинаа досега повеќе од 40 илјади луѓе.
Актуелниот турски премиер Ердоган е кандидат на првите избори на коишто претседателот на земјата ќе се избира на непосредни избори коишто ќе се одржат на 10-ти август, а неговата победа најверојатно ќе донесе и зголемување на овластувањата за шефот на државата од досегашната само протоколарна функција.
Ердоган, исто така, пред речиси две години започна преговори за ставање крај на непријателствата со PKK, и се надева дека тоа би можело да му донесе поддршка и од курдското малцинство од најмалку 15 милиони во Турција./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

