Регион
Бајден: Формирање на ЗСО или Косово ќе ја загуби поддршка од САД
Американскиот потпретседател Џо Бајден на косовските политички лидери им порачал дека мора да обезбедат формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), а доколку не го направат тоа тогаш ќе ја загубат поддршката од САД, пренесуваат српските медиуми.
Бајден исто така побарал од приштинските власти да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора. На заедничката прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи, Бајден изјавил дека овој договор и формирањето на ЗСО ќе имаат позитивно влијае врз регионот. Косовскиот претседател Тачи исто така додал дека „без ЗСО Косово ќе остане изолирано и од САД и од ЕУ“.
„Сакам да го потпишете договорот со Црна Гора. Тоа е фер договор и ќе има позитивно влијание врз регионот, исто како и Заедницата на српските општини. Некои одлуки мора да се истуркаат, но тешките одлуки ќе вродат со плод. Болките од војната се уште се свежи и сите овие лузни се свежи, но Косово мора да оди напред кон заедничката иднина и еднаквите права за сите граѓани“, рекол Бајден.
Тој додал дека Приштина мора да има блиска соработка со своите соседи, и дека премиерот Мустафа и претседателот Тачи позитивно се изјасниле за продолжувањето на разговорите со Белград, со посредство на Брисел. „Тоа ќе биде тешко, но неопходно. Со српскиот премиер Вучиќ исто така разговарав за овие прашања“, рекол Бајден, предупредувајќи дека албанските политичари имаат обврски и одговорност да се придржуваат кон ветувањата кои се дадени во Брисел./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

