Регион
Бегалците на неколку места ја пробија унгарската граница
Бегалците кои продолжуваат да пристигнуваат преку Србија до границата со Унгарија изминатата ноќ на неколку места ја пробиле границата, стравувајќи од нејзиното целосно затворање, пренесуваат агенциите повикувајќи се на полицијата од унгарската погранична област Чонград.
„Во текот на ноќта и во утринските часови откриени се неколку дупки во оградата на границата“, се вели во соопштението на полицијата.
Сите бегалци коишто се фатени на границата биле испратени во привремените собирни центри на полицијата. Бегалците изјавиле дека ја пробиваат оградата што ја подигна Унгарија на границата кон Србија за да го спечи неконтролираниот прилив мигранти, и покрај тоа што во блиското место Реске и натаму е активен слободниот граничен премин, поради стравот дека на 15-ти септември границата ќе биде затворена.
На 15-ти септември, имено, ќе стапи на сила пакетот мерки од новиот унгарски закон за бегалците и режимот на границите, кои ги изгласа парламентот минатата седмица. Според овој закон, нелегалното минување на границата е кривично дело, кое може да се казни со до три години затвор или депортирање. Кривично дело ќе се смета и оштетување на граничната ограда при преминување, а заострени се казните и за шверцерите со луѓе.
Дотогаш бегалците ја минуваат границата кај Реске речиси бес контрола, се претпоставува дека тие веднаш треба да се пријавата на пунктот за да се регистрираат и да поднесат барање за азил. Меѓутоа, огромен дел од илјадниците бегалци и мигранти одбија да ја почитуваат оваа процедура во Унгарија, како прва земја во границите на ЕУ во која стапнале, стравувајќи дека може да бидат задржани или вратени во неа по нивното натамошно движење во Европа.
Истовремено не е јасно што ќе се случува со неколку илјади бегалци кои во моментов се движат преку Грција, Македонија и Србија кон унгарската граница, а нема да успеат да стигнат до 15-ти септември. Според очевидци, Грција продолжува неконтролирано да ги пропушта бегалците низ својата територија.
Покрај тоа, не е јасно кој ќе го обезбедува приливот бегалци на граничната линија од унгарска територија. Во моментов тоа го прави полицијата, бидејќи граничната полиција во оваа земја одамна е расформирана. На 22-ри унгарскиот парламент ќе го разгледува прашањето за ангажирање на помали воени единици, 12 до14 илјади, кои сега ја немаат обврска за обезбедување на границата. Сепак, војниците во помал број се забележуваа и преодните денови,особено кај граничниот премин Реске.
Од почетокот на 2015 година во Европската унија пристигнаа речиси половина милион бегалци мигранти од северна Африка, Блискиот исток и Азија, а 170.000 од нив преку Унгарија, што претставува најголемата миграција во Европа по Втората светска војна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.

