Регион
Бериша: Барањето за закон за оружје за самоодбрана на Албанците е личен став

Поранешниот албански претседател и премиер и духовен лидер на десницата Сали Бериша се обиде да даде свое објаснување по барањето Собранието да донесе закон за оружје за самоодбрана на албанските државјани.
Бериша, кој беше казнет со исклучување од работата на Собранието десет дена, доби поддршка од сите пратеници на опозицијата кои одлучија да го бојкотираат Собранието сѐ додека истече казната за Бериша. Од негова страна Бериша даде објаснување дека тоа е негов личен став, а не став на неговата Демократска партија. Тој рече дека тоа што го рекол на седница на Собранието не треба да се земе како став на десницата бидејќи тоа е негов личен став. Барањето на Бериша да се донесе закон за носење на оружје за сите Албанци за нивна самоодбрана беше остро критикуван од страна на власта и Владата во Тирана, но и од странските дипломати. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.