Регион
БиХ: Силувале ментално заостаната девојка, бабата ги убила трите новороденчиња

Една повозрасна жена и тројца мажи се уапсени во вторникот на подрачјето на Добој во централна Босна под сомневање дека убиле и го прикриле убиството на три новороденчиња, пишуваат локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Злосторството како од филм се однесува на убиство на три деца коишто ги родила ментално заостаната девојка по принудни сексуални односи со тројца мажи, според полициски извори.
Уапсена е мајката на хендикепираната девојка, а бањалучкиот дневен весник Независне новине идентификувајќи ја со име и презиме осомничената, пишува дека таа ги убила сите три само што родени внучиња и потоа ги закопала, и оти на полициските иследници им го покажала местото каде што тоа го сторила. Но рекла и дека за смртта на третото бебе била наводно одговорна ментално хендикепираната мајка.
Тројцата мажи, исто така, идентификувани со целосни генералии, се уапсени под обвинение дека сексуално ја напаствувале сега полнолетната девојка.
Последниот случај бил во април 2015 година, додека според истрагата претходните две злосторства се одиграле во септември 2011 и јули 2013 година, кога бабата ги убила новороденчињата и ги фрлила во грмушките на нивата покрај нивниот дом./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.