Регион
БиХ во НАТО само доколку и Србија стане членка
Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Младен Иваниќ изјавил дека БиХ би можела да влезе во НАТО само тогаш кога во овој сојуз ќе влезе и Србија.
„Појасен став од тоа не може. Секоја друга опција би подразбирала поделба на српскиот народ. Не ни треба референдум. Таа тема не треба ни да се отвора, бидејќи за членството на БиХ во НАТО нема услови се додека Србија не влезе во тој сојуз“, изјавил Иваниќ во интервју за „Политика“.
На прашањето дали во БиХ може да се води политика која нема да биде оптоварена со поддржувањето на која и да е страна, Иваниќ изјавил дека тоа е изводиливо и дека на тој начин „ќе водите сопствена политика, гледајќи ги сопствените интереси“.
„Наш интерес е да имаме коректни односи со Русија, како и добри односи со ЕУ. Доколку тие не тераат нас да се определима за една страна, тогаш тие веќе не се наши пријатели“, рекол Иваниќ.
Што се однесува до изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за „Голема Албанија“ или именувањето на поранешниот хрватски генерал Анте Готовина во советодавните тела во Хрватска, Иваниќ рекол дека смета оти сегашниот пристап на Белград, „па и српскиот фактор во БиХ, е доста позитивен и дека од тоа тие ќе имаат корист“.
„Полека се покажува дека, во поглед на помирувањето, најнормалниот дел од политичките елите во овој момент на просторот на Балканот се всушност српските кадри“, додал Иваниќ.
„Доста брзо таа корист ќе се покаже и практично, бидејќи светот ќе ги поддржи оние кои што не сакаат судири и чиј авторитет, наместо на судирите, го градат на довербата во сопствената сила. Раководството на Србија, па и она на Србите во БиХ ја чувствува таа сила“, порачал Иваниќ./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

