Регион
Борисов конечно формираше влада, ГЕРБ во коалиција со РБ, ПФ и АБВ

Лидерот на бугарската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов во четвртокот формираше коалициска влада, откако неговата партија, победник на предвремените парламентарни избори во земјата, потпиша договори со партиите Реформаторски блок (РБ), Патриотски фронт (ПФ) и АБВ, пренесуваат бугарските медиуми.
Партиите во средата имаа маратонски преговори кои траеја речиси осум часа, а по ова стана јасно оти тие ќе формираат заеднички влада. При врачувањето на мандатот за составување на влада во средата, Борисов изјави дека доколку не успее да формира влада, тогаш тој ќе го врати мандатот.
„Преговорите со АБВ се водени во Парламентот и мислам дека за првпат, една ваква коалиција се прави толку јавно и пред очите на луѓето. Пред малку потпишавме договор за коалицирање со Реформаторскиот блок. Изборите и народот поддржаа таков парламентот, но со 84 пратеници од наша страна и 23 од нивна, не може да се направи мнозинство“, посочил Борисов.
Партијата АБВ, чиј лидер е поранешниот министер за надворешни работи Ивајло Калфин, на изборите освои 11 мандати, додека, пак, Патриотскиот фронт освои 19 пратеничка места, со што вкупниот број на мандати на новата коалиција сега изнесува 137, од можни 240 пратенички места во бугарскиот Парламент./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.