Регион
Борисов: Нема никакво морално оправдување за предвремени избори

Со најновите индикатори во буџетот и намалената невработеност во земјата нема никакво морално оправдување за предвремени избори, изјавил во средата бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува БГНЕС.
„Процентот на регистрираната невработеност продолжува да ја следи тенденцијата кон намалување и таа во март изнесувала 9,9 проценти, што е за 1,1 процент пониска во однос на истиот период претходната година. Бугарија е трета земја во ЕУ со најнизок државен долг. Со овие индикатори мене ми е срам пред народот во Бугарија, а и пред Брисел да кажам дека ни е тешко во парламентот. Немаме никакво морална или каква и да е друго причина за предвремени избори“, рекол Борисов.
Бугарскиот премиер потсетил дека поставената цел е раст од 4 проценти на економијата и создавање на максимално добри услови за инвестирање. По повод отворените производствени капацитети и создавањето на работни места, Борисов додал дека „своевремено велеа дека асфалт не се јаде, а сега таму каде што има автопати и железнички пруги, таму одат инвеститорите“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.