Регион
Борисов: Подготвен сум да преземам ризик за формирање влада
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, чија партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) победи на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во неделата, порача дека е подготвен да преземе „секаков ризик“ во врска со формирањето на владата.
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, чија партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) победи на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во неделата, порача дека е подготвен да преземе „секаков ризик“ во врска со формирањето на владата.
Подготвен сум да ги преземам сите ризици да ја водам земјата. Ги повикам останатите лидери на партиите смирено да ги разгледаат работите, да остават неколку дена и да не даваат категорични изјави“, изјави Борисов, пренесува AFP.
Според првичните резултати, ГЕРБ на изборите освои околу 33 проценти од гласовите, што, сепак, не претставува мнозинство од гласовите, а на нејзиниот главен противник, Бугарската социјалистичка партија (БСП), и’ припаднале околу 16 проценти од гласовие.
Проценките велат дека Бугарија најверојатно повторно ќе има коалициска влада, пренесува Reuters.
Бугарские граѓани на изборите бираа 240 пратеници за новиот состав на Народното собрание (парламентот), а ова ќе биде петта бугарска влада во последните две години, за време на кои земјата се соочи со масовни улични протести и незадоволство. Поради разочарувањето на граѓаните, излезноста на овие избори беше под 50 проценти, најмалата во последните 25 години, откако во Бугарија беше тргнат комунистичкиот режим.
Борисов претходно изјави дека овие избори се „последна шанса“ за спас на Бугарија и предупреди дека доколку новата влада не биде формирана и повторно бидат распишани избори, нема да остане ништо што би можело да ја одржи земјата.
Техничката влада која ја имаше поддршката од коалицијата предводена од бугарските социјалисти владееше во земјата до јули, а периодот кој го мина на власта беше одбележан со катастрофалните поплави, спорот со снабдувањето со рускиот гас и масовните протести на граѓаните.
Борисов беше премиер на Бугарија од 2009 година до февруари 2013 година кога поради масовните протести поради сиромаштијата и високите цени на енергенсите поднесе оставки, потсетува AFP.
На предвремените избори во мај 2013 година, ГЕРБ повторно ја однесе победата, но Борисов не можеше да формира влада, па затоа социјалистите формираа техничка влада, на чие чело беше Пламен Орешарски.
Лидерот на ГЕРБ, 55-годишниот Борисов, е поранешен пожарникар и телохранител на бугарскиот цар Симеон и на комунистичкиот лидер Тодор Живков, а во 2005-та година беше избран за градоначалник на Софија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

