Регион
Борисов: Продолжува поддршката за европската перспектива на Албанија и останатите земји од западен Балкан

Поддршката за европската перспектива на Албанија и на другите земји од западен Балкан е постојана и активна, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во вторникот, по средбата со албанскиот претседател Бујар Нишани во Софија, пренесуваат бугарските медиуми.
Бугарскиот премиер ја истакна подготвеноста на неговата земја да го сподели своето искуство од претпристапниот процес и на тој начин да и биде од корист на Албанија во исполнувањето на критериумите, потребни за полноправно членство во ЕУ.
„Ја цениме улогата на Албанија како важен сојузник во рамките на НАТО“, истакнал Борисов.
Борисов и Нишани разговарале и за бегалската криза, при што бугарскиот премиер истакнал дека важно е земјите-членки на Унијата и регионалните партнери да пристапат многу сериозно и кон прашањето со бегалците. Борисов порачал дека потребно е да се направи јасна дистинкција помеѓу бегалците кои доаѓаат од региони каде што животот им е реално загрозен, и од економските имигранти.
Албанскиот претседател Бујар Нишани се заблагодари за поддршката што Бугарија и ја дава на Албанија во процесот на европската интеграција, додавајќи дека неговата земја ја споделува желбата за развој на соработката меѓу двете страни./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.