Контакт

Регион

Борисов: Времето и народот ни даде задача да го побараме она што ќе нè обедини

Објавено пред

Времето и народот ни даде задача да го побараме она  што нè обединува, а не она што ќе нè раздвојува, изјавил лидерот на бугарската партија Граѓани за европски развој (ГЕРБ), Бојко Борисов за време на конститутивната седница на 43-тото Национално собрание, пренесува агенцијата „Фокус“. 

dobivaj vesti na viber

 

„Од нас се очекува да кажеме што мислиме за прашањето за влада. Нема да се впуштаме во анализа на минатото, бидејќи тоа нема да ни донесе ништо во иднината. Времето и народот ни даде задача да побараме тоа што ќе нè обедини. Не е фер само во неколку месеци да се бара од претседателот да направи влада, а политичките партии да се радуваат околу тоа кој ќе наметне поголема конфронтација“, додаде Борисов, чија партија освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во земјата, но сè уште не успеа да формира коалициска влада.

 

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев пак, порача дека за враќањето на довербата во политичките институции, партиите и парламентот, потребно е да се исполнат ветувања кои биле дадени пред изборите.

 

 „Одлуката е во корист на луѓето, одлуката е во строгото придржување на принципите на правната држава. Денес половина наши сонародници не гласаат. За да ја повратиме довербата во политичките институции, во партиите и парламентаризмот, потребно е да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале. Тоа е можно само со разум и одговорен пристап, и со помалку противење. Без разлика дали ни се допаѓаат резултатите од изборите ние сме обврзани да ги признаеме и да работиме“, посочил бугарскиот претседател./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Две жени се удавија во морето во Бугарија

Објавено пред

Два смртни случаја во вода се регистрирани денес на јужниот брег на Црното Море.

dobivaj vesti na viber

Околу 12.50 часот 56-годишна жена од Софија се удавила во незаштитениот дел од плажата „Делфин“ во близина на Ахтопол.

Еден час подоцна, околу 13.20 часот, на јужната плажа во Поморие, во морето почина 72-годишна туристка од Финска, која пристигнала во Бугарија на 16 август со својот сопруг.

Во двата случаја телата се однесени на обдукција во Одделот за судска медицина при Универзитетската болница во Бургас. Работата за расветлување на околностите продолжува.

Прикажи повеќе...

Регион

Политичар почина на плажа на Халкидик

Објавено пред

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно на 59-годишна возраст кога доживеа срцев удар на плажа на Халкидик.

dobivaj vesti na viber

Според грчките медиуми, Везиропулос се разболел во саботата и иако брзата помош пристигнала бргу и го пренела во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, лекарите не успеале да го спасат, објавува „Нова.рс“.

Везиропулос беше долгогодишен пратеник од Иматија, а од април оваа година е генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија. Претходно, тој беше претседател на Постојаната комисија за економски прашања на парламентот, а од 2019 до 2023 година беше заменик-министер за финансии задолжен за даночната политика и јавните средства во владата на Киријакос Мицотакис.

Веста за неговата смрт длабоко го потресе премиерот Мицотакис, кој изрази сочувство до семејството и истакна дека Везиропулос бил „вреден колега и сакан политичар, кој со децении им служел и на својата партија и на својата татковина“.

Роден во Верија, по потекло од Александрија, беше оженет со професорката Катерина Кацава и татко е на две деца. Имаше два магистерски степена – по стратешко менаџерско сметководство и финансиско управување, како и по јавно право и политички науки. Исто така, беше докторанд на Правниот факултет при Универзитетот „Демокрит“ во Тракија.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб

Објавено пред

Во загрепската населба Кајзерица вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик.

dobivaj vesti na viber

Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за „Дневник.хр“ дека сопственикот е пронајден.

„Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред да ја најдеме сопственичката, стапив во контакт со Зоолошката градина во Загреб. Од таму ни кажаа дека можеме да им ја доставиме змијата, но бидејќи сопственичката во меѓувреме ни се јави, проблемот е решен“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија3 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Регион4 часа

Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно...

Македонија5 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ6 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет7 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија7 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура7 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија19 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија20 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија22 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија22 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија22 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 ден

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија1 ден

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија1 ден

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија1 ден

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...