Регион
Босанската полиција седум часа ги претресувала просториите на порталот klix.ba
Полицискиот претрес на просториите на босанскиот информативен портал klix.ba, поради објавената аудио снимка од премиерката на Република Српска (РС) Жељка Цвијановиќ, траел повеке од седум часа, пренесуваат босанските медиуми.
Уредникот на овој портал, Јасмин Хаџиахметовиќ истакнал дека редакцијата на порталот нема да открие кој е нејзиниот извор за снимката на која се слуша како Цвијановиќ и уште една жена разговараат за купување на гласови за формирање на парламентарно мнозинство во РС.
Тој додал дека е шокиран од претресот, кој бил само еден од многуте притисоци на работата на овој портал.
„Осомничени сме, ни ги земаа мобилните телефони, а претпоставувам дека ќе ни ги земат и приватните работи кои немаат врска со истрагата. Меѓународната заедница понуди помош. Првиот час од претресот беа груби, не можев да контактирам ни со моето семејство. Поголем дел од претресот беше вршен од МВР на Република Српска, а припадниците на МВР од Кантонот Сараево им асистираа“, рекол Хаџиахметовиќ.
Тој навел дека полицијата онеспособила 19 компјутери, мобилни телефони и дискови во потрагата што би ги довела до изворот.
„Можеби нешто ќе се открие, можеби не, но ние нема да откриеме кој е нашиот извор“, рекол Хаџиахметовиќ, додавајќи дека можно е порталот да ги тужи полициските припадници, бидејќи физички ги нападнале фоторепортерите Един Хаџихасиќ и Феџу Крвавац.
„Тие се сомневаат дека ние сме ја направиле таа снимка, што е апсурдно. Ние ја добивме, а не сме должни да ги откриваме нашите извори“, рекол Хаџиахметовиќ.
Генералната секретарка на Здружението на новинари на Босна и Херцеговина, Борка Рудиќ навела дека претресот е притисок врз босанските медиуми.
„Наместо полицијата да ја истражува автентичноста на снимката и да се бави со тоа дали имало купување на гласови, тие ги малтретираат новинарите“, рекла таа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
14 мигранти загинаа во судир со брод на крајбрежната стража кај Грција
14 мигранти загинаа во Егејското Море откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај грчкиот остров Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека го забележале бродот што превезувал мигранти кон грчкиот остров Хиос и им наредил да се вратат назад.
„Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража, предизвикувајќи го судирот“, изјавил службеникот за Ројтерс. Ројтерс не можел независно да потврди точно како се случил судирот. Двајца припадници на грчката крајбрежна стража биле однесени во болница на Хиос, заедно со 25 спасени мигранти, според првичните информации од крајбрежната стража, објави АФП.
Меѓу повредените се бремена жена и седум деца, објавија грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ и новинската агенција АНА. Крајбрежната стража соопшти дека е во тек операција за пребарување и спасување, со помош на бродови на крајбрежната стража, приватни чамци и нуркачи.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА

