Регион
Босански медиуми: Во БиХ неколку илјади потенцијални терористи
Безбедносните служби во Босна и Херцеговина (БиХ) регистрирале неколку илјади лица поврзани со исламистички движења, кои би можеле да станат терористи, изјавил директорот на полициската управа на Република Српска, Гојко Васиќ во интервју за бањалучкиот весник Независне новине.
„Бројот на овие луѓе, кои се припадници на вехабистичкото движење, а зад кои најчесто се појавуваат лица кои би можеле да извршат терористички напади, според податоците на известувачко безбедносната агенција на БиХ (ОСА), изнесува неколку илјади“, рекол Васиќ.
Тој додал дека поголем дел од тие лица, кои претставуваат потенцијална безбедносна закана, престојуваат на тероторијата на Федерацијата БиХ, додека, пак, во ентитетот Република Српска има десетици такви лица. Според Васиќ, борбата против тероризмот ја отежнува постоечкото законско ограничување, вклучувајќ ја и слабата размена на податоци околу потенцијално опасните лица.
„Терористите користат одредени законски ограничувања кои ние самите ги направивме. Можноста за квалитетна и брза размена на податоци за лицата кои се опасни е отежната поради Законот за заштита на личните податоци“, рекол Васиќ.
Проблемот е особено изразен кога се работи за лицата со потекло од БиХ а кои живеат во странство, а би можеле да бидат регрутирани во терористичките редови, додал Васиќ. Ова особено се однесува на ткн втора генерација на иселеница од БиХ кои живеат во државите од западна Европа.
„Имаме многу малку податоци за децата на нашите луѓе кои живеат и работат во Германија, Франција, Шведска и слично. Тие лица се родени таму, но поради потеклото на родителите имаат наши документи, го знаат нашиот јазик а би можеле да бидат врбувани, и од европските држави да одат на боиштата. Никој не ни дозволил да ги имаме тие податоци, во случајт лицата да се вратат тука и да ги имаме работите под контрола“, заклучил Васиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

