Регион
Бројот на бегалци на грчките острови во 2015 година се зголемил за 750 отсто

За првите шест месеци од тековната година на грчките острови биле регистрирани близу 124 илјади бегалци – речиси 750 проценти повеќе отколку во истиот период претходната година, пишува германскиот весник Der Spiegel, повикувајќи се на податоци од УНХЦР.
Во создадената ситуација, многу Грци се чувствуваат напуштени од Европа во справувањето со овој проблем. Тензиите надвладеа најнапред на островот Кос, каде во вторникот околу илјада бегалци предизвикаа немири. Стотици имигранти кои бараат брза регистрација, го блокирале крајбрежниот пат во главниот град на островот, спроведувајќи штрајк со седење. Од грчката полиција соопштиле дека во немирите имало и нападнати полицајци.
Градоначалникот на Кос, Гиоргос Кирицис, упатил очајнички апел до владата во Атина, порачувајќи дека „на островот може да има крвопролевање, доколку не бидат преземени итни мерки за воспоставување на редот“.
Стотици илјади мигранти пристигнуваат секојдневно од турско крајбрежје, а државата, хуманитарните организации и активистите се преоптоварени и очигледно лошо организирани. Ситуацијата во Кос сепак не е исклучок, туку аналогна на онаа во многу острови во источниот дел на Егејското Море, коментираат од Der Spiegel./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.