Регион
Бројот на жртвите во атентатот во Анкара се искачи на 97

Бројот од саботниот двоен бомбашки напад во центарот на турската престолнина Анкара, најголемиот терористички напад во историјата на земјата, се искачи на 97, соопшти во понеделникот Координациониот центар на владата.
„Загинаа 96 државјани на Турција и еден државјанин на Палестина. Идентификувани се 92 тела, продолжува идентификувањето на телата на двајца мажи – бомбаши самоубијци. Во медицинските установи за помош се обратила 508 луѓе, на 317 од нив им е укажено амбулантна помош. Во 19 болници лекувањето го продолжуваат 160 ранети, од нив 65 се наоѓаат на одделите за интензивна нега“, се вели во соопштението што го цитираат турските медиуми.
Во саботата на 10-ти октомври претпладнето на главната железничка станица во Анкара одекнаа две силни експлозии пред почетокот на протесната на поворка во организација на синдикатите и невладините организации, на која се придружија и левите опозициски партии, под мотото „Работа, мир, демократија“ против ескалирањето на турско-курдскиот конфликт во југоисточниот дел од земјата.
Експлозиите ги предизвикале двајца бомбаши самоубијци, и турските власти најмногу се сомневаат дека зад него стои екстремната сунитска организација Исламска држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.