Регион
Бројот приврзаници и противници на НАТО во Црна Гора речиси изедначен

Бројот на граѓаните кои го поддржуваат или се против членството на Црна Гора во НАТО е речиси изедначен, покажа објавената во средата анкета на Центарот за демократија (ЦЕДЕМ) во Подгорица.
Членството на Црна Гора во НАТО го поддржуваат 39,5 отсто нејзини граѓани, а против се 39,7 проценти, додека 20,8 отсто немаат ставови за тоа.
„Тоа значи дека бројот на противниците и приврзаниците во НАТО е речиси изедначен, па резултатот од евентуалниот референдум за членство во Алијансата би бил неизвесен“, изјави на прес-конференција Милош Бешиќ, главниот методолог на ЦЕДЕМ, претставувајќи ги резултатите од ова истражување на јавното мнение.
Црна Гора во мај потпиша протокол за пристапување на НАТО, чијашто членка ќе стане по ратификацијата во сите 28 земји членки. Се тврдеше дека случувањата во светот влијаат на поддршката за членството на Црна Гора во НАТО.
Бешиќ вели дека 53,8 отсто од граѓаните веруваат дека Црна Гора ќе стане членка на НАТО, без оглед на нивното мислење, 20,5 отсто мислат дека нема, додека 25,7 отсто нема став за тоа.
На прашањето околу Европската унија речиси е постигнат национален консензус, без оглед на тоа што симпатизерите на ЕУ е во пад. Дури 63 отсто испитаници сметаат дека Црна Гора треба да стане членка на ЕУ, 24,6 проценти дека не треба, а мислење немаат 12,4 отсто испитаници.
Анкетата покажала дека 27,2 отсто од граѓаните сметаат дека Црна Гора во надворешната политика треба да се потпира на ЕУ, 20,5 отсто мислат дека тоа би требало да биде Русија, а 15,4 проценти сметаат дека е најдобро да се потпира на САД.
„Трендот на поддршката на ЕУ опадна во однос на минатата година. Тоа не е случај само кај нас, туку и во регионот и во членките на самата ЕУ“, напомна Бешиќ.
Според истражувањето, 35,3 отсто од испитаниците рекле дека Црна Гора тргнала во погрешна насока, 32,8 отсто дека земјата е на вистинскиот пат, а 31,8 отсто не знаат или не можат да проценат по каков пат се движи нивната земја./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.