Регион
Бугарија го забрани прелетот на руските авион со помош за Сирија
Бугарија го затвори својот воздушен простор за прелет на руските воено-транспортни авиони со хуманитарна помош за Сирија „во периодот од 1-ви до 24-ти септември“, потврдиле во вторникот од тамошното министерство за надворешни работи.
„Министерството за надворешни работи на Бугарија потврдува дека го забрани прелетот на руските воени транспортни авиони, кои минуваат преку територијата на Бугарија во Сирија, во периодот од 1-ви до24-ти септември“, соопштија во министерството за руската агенција РИА:
Бугарското министерство за надворешни работи посочува дека ваквата одлука бугарските власти ја донеле поради „загриженоста за содржината на товарот кој се пренесува“.
Барањата на Русија за дозволи за прелети на нејзините авиони со хуманитарна помош за Сирија преку воздушните простори на Бугарија и на Грција предизвика реакција на САД, кои изминатата седмица искажаа загриженост поради медиумските шпекулации за наводно руско трупање војници и оружје во Сирија каде самите изведуваат воздушни удари против џихадистичката Исламска држава, но без координација со владата во Дамаск.
Дипломатски извори на РИА во Атина соопштиле дека американската амбасада минатата сабота се обратила до грчките власти да го забранат прелетот на руските авион над воздушниот простор на Грција. Во грчкото министерство за надворешни работи одговориле дека го проучуваат барањето на САД./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

