Регион
Бугарија и Романија не биле подготвени за влез во ЕУ
Бугарија и Романија влегоа во Европската унија во јануари 2007 година, покрај мислењето на ревизорите дека не се подготвени за пристап, наведе Европскиот ревизорски суд (ECA), од каде сакаат слична ситуација да се избегне во идното проширување на ЕУ.
Членот на судот Иштван Саболч Фазакаш, кој неодамна ги претстави резултатите на контролата на трошење на претпристапната помош кај кандидатите за ЕУ од Западен Балкан, зборуваше и за своето искуство како претседател на Одборот за буџетска контрола на Европскиот парламент во 2006 година, кога Бугарија и Романија беа пред влез во унијата.Како што рече Фазакаш, во извештајот на Судот за Бугарија и Романија од јули 2006 година експлицитно е наведено дека на тие земји им е потребно повеќе време за да се подготват за приклучување кон ЕУ за да можат на конкретен начин да ги апсорбираат европските пари.Фазакаш како претседател се консултирал со тогашниот комесар за проширување Оли Рен, кој му рекол: „Извини, предоцна е, рацете ми се врзани, политичката одлука Бугарија и Романија да влезат во ЕУ на 1 јануари 2007 година ја донесоа членките по препорака на Европската комисија“.„Благодара, можеби се во право“, наводно му рекол Рен на Фазакаш, додавајќи дека неговата единствена задача е да обезбеди да дојде до пристапување на 1 јануари, како што е планирано.Сличен временски притисок се јави и кога Хрватска во 2013 година влегуваше во ЕУ, вели Фазакаш.Меѓутоа, денеска, таков притисок не постои, додава членот на Ревизорскиот суд потсетувајќи на одлуката на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, до ново проширување на ЕУ да не дојде до крајот на неговиот мандат во 2020 година.Во иднина, извештаите на ECA за земјите треба да бидат направени две години пред датумот за пристапување кој ќе го утврди Комисијата, за да се избегнат ограничувањата од минатото, смета Фазакаш.Како што појасни, објавувањето на ревизијата за Западен Балкан, која е дополнителна на извештаите за земјите, била иницијатива на судот. Ревизорскиот суд образложи дека сака да пружи потполна слика како се потрошени 5,1 милијарди евра на претпристапна помош од ЕК меѓу 2007 и 2014 година и кои лекции треба да се научат за во иднина. Контролата на трошоците од помошта на ЕУ на земјите кои се аспиранти за членство покажала значителни недостатоци на страна на националните влади, соопшти ECA.Тој извештај за Западен Балкан покажа слаби административни капацитети и отсуство на политичка волја да се реформираат институциите во некои земји.Исто така, покажа дека низ Западен Балкан релативно малку пари отидоа за реформа на судството, слободата на медиумите и мерките за борба против корупцијата и организираниот криминал. Се предупредува дека политичкиот дијалог со ЕУ треба да биде фокусиран на правосудната реформа така што земјите од Западен Балкан во времето на пристапување кон ЕУ нема да бидат и понатаму изложени на корупција и организиран криминал.Србија и Црна Гора ги почнаа преговорите за влез во ЕУ, Албанија и Македонија се уште не почнале, а на БиХ и на Косово им е ветена перспектива за членство кога ќе бидат подготвени./КРАЈ/Б/ББ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.