Регион
Бугарија и Русија може да се вратат на проектот Јужен тек
Бугарија и Русија можат да се вратат на замрзнатиот енергетски проект Јужен тек, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Минатиот петок рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, при што била дискутирана билатералната соработка, со акцент на реализацијата на заедничките енергетски проекти.
„Бугарија и Русија се договорија да формираат работни групи за востановување на руските енергетски проекти, вклучително и изградбата на гасоводот Јужен тек“, го цитира во понеделникот агенцијата Bloomberg бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Меѓу другите проекти, за чијашто иднина ќе разговараат работните групи на двете земји се и изградбата на нуклеарната централна „Белене“ која беше запрена во 2009 година,
Бугарската државна енергетска компанија НЕК мора да исплати речиси 550 милиони евра компензација на руската „Атомстројекспорт“ поради откажувањето на градењето на нуклеарната централа Белене, објавија во средината на јуни годинава бугарските власти. Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека пресудата на арбитражниот суд значи дека НЕК мора да ја плати цената на еден нуклеарен реактор, како и оти во соработка со „Атомстројекспорт“ да одлучи што натаму.
Руската државна компанија „Росатом“, задолжена за проектот, соопшти дека е задоволна од пресудата, донесена на судот во Женева под покровителство на Меѓународната трговска комора во Париз. Русија инаку во 2012 година на милијарда евра го зголеми отштетното барање против Бугарија поради откажувањето на договорот со кој изградбата на новата нуклеарна централа.
Во 2008 година Бугарија потпиша договор со „Атомстројекспорт“ за градење два реактора од илјада мегавати во гратчето Белене на Дунав. Под притисокот на ЕУ и САД Софија се откажа по четири години откако не успеа да најде западни инвеститори за проектот проценет на меѓу 6,5 милијарди евра.
Русија во декември 2014 година објави дека се откажува од гасоводот Јужен тек, кој требаше да минува низ териториите Бугарија, Србија и Унгарија, со крак и во Македонија, во полза на новиот гасовод Турски тек, кој потоа исто така беше замрзнат поради заладувањата на политичките односи меѓу Москва и Анкара.
Путин на 1-ви декември 2014 година објави дека поради заострувањето на односите на релација ЕУ-Русија нема да се реализира проектот Јужен тек, според чиј Трет енергетски пакет е забрането една компанија да го произведува и транспортира гасот, иако во неговата реализација беше вклучена и италијанската компанија Eni. Проектот за гасоводот беше проценет на 15,5 милијарди евра и предвидуваше доставување на природниот гас до јужна Европа, со заобиколување на Украина, во обем од 67 милијарди кубни метри гас на годишно ниво, а за негов јазол беше предвидена Бугарија.
Бугарија, која е членка на Европската унија и на НАТО, е под голем притисок од Брисел и Вашингтон да ја намали својата енергетска зависност од Русија. Но тоа ја доведе земјата во незавидна состојба, бидејќи другиот нуклеарен проект „Козлодуј“ не може да биде остварен откако американскиот партнер објави дека не учествува во него./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Регион
Хрватска испраќа четири авиони за Хрватите заглавени во Дубаи
Хрватска испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“ во Дубаи за да ги врати хрватските граѓани заглавени во Обединетите Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, објави Министерството за надворешни и европски работи (MVEP).
„Утре и во наредните денови испраќаме четири авиони на „Кроација ерлајнс“, со можни дополнителни опции“, се вели во соопштението.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман се договори со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, за два авиони од локална авиокомпанија што ќе ги транспортираат хрватските граѓани од Дубаи, рече Зрињевац.
Во Обединетите Арапски Емирати моментално има околу 2.000 хрватски граѓани кои живеат таму, од кои 300 сакаат да бидат репатрирани, а има и 460 туристи кои, исто така, сакаат да се вратат во својата татковина.
Досега, хрватски државјани се евакуирани од Израел, Јордан и Бахреин. „Успеавме да ги евакуираме сите хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин, а наскоро и аџиите од Израел, кои се на лет преку Лион на пат кон Загреб, ќе пристигнат дома“, соопшти министерството.
Од Оман, каде што имаше 23 хрватски државјани, 12 беа евакуирани со лет преку Истанбул до Загреб. Останатите 11 имаат можност да одат во Дубаи, изјави претходно Грлиќ Радман.
Хрватската амбасада во Доха, исто така, обезбеди 30 места на летот на австриската компанија од Ријад во четврток, па затоа министерството ги повикува заинтересираните што е можно поскоро да се регистрираат за тој лет, на кој приоритет ќе им се даде на децата, болните лица, бремените жени и членовите на нивните семејства.
фото/Depositphotos

