Регион
Бугарија ја поддржа кандидатурата на Георгиева за наследник на Ештон

Бугарија ја поддржа кандидатурата на досегашниот еврокомесар за вонредни состојби и хуманитарна помош, Кристалина Георгиева за заменик-претседател на Eвропската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕУ надворешна политика и безбедност, соопштил во средата бугарскиот премиер Георги Близнашки, пренесуваат бугарските медиуми.
„Ќе направиме национален напор, нашиот досегашен комесар да добие повисока позиција. Ова ќе биде огромно признание за нашата земја. Ова е убедлива и достојна кандидатура за Бугарија. Ако таа успее да ја преземе оваа функција, тоа ќе биде голем успех за бугарската надворешна политика и за бугарската дипломатија“, посочил Близнашки, додавајќи дека голем број на земји членки ја поддржуваат кандидатурата на Георгиева.
„Имаме шанси и играме за победа. Ако не успееме, тогаш ќе размислуваме за други опции. Имаме силен кандидат. Имаме шанси и тоа големи. Се бориме за најдоброто и имаме шанси да победиме“, изјавил Близнашки.
Новиот бугарски министер за надворешни работи, Даниел Митов потенцирал дека „Георгиева отсекогаш била човек кој вешто балансирал меѓу сите политички сили на европско ниво, и дека таа нема потреба од реклама во земјата, или во Брисел“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.