Регион
Бугарија прогласи ден на жалост во петок

Бугарската влада донесе одлука со која петок 3 октомври се прогласува за ден на национална жалост за жртвите од катастрофалната несреќа што се случи во фабриката за муниција во селото Горни Лом.
Одлуката е донесена откако стана јасно дека во несеќата има 15 загинати.
„За жал, сите достапни во податоци од специјализираните тимови на надлежните институциите кои се на местото на несреќата, оставаат малку надеж дека ќе се најдат преживеани. Од свое име и од името на влада, премиерот Георги Близнашки
изразува длабоко сочувство и се воздржува од изјавите кои со ништо не би помогнале за ублажување на загриженоста и болката на роднините на исчезнатите “, се вели во владиното соопштение.
Премиерот изрази надеж дека во најбрз рок ќе бидат утврдени фактите за трагедија и ги повика надлежните институции да продолжат со ефективната работа со цел максимално
брзо да се откријата одговоните за несреќата и да бидат казнати согласно законот.
Премиерто ги откажа сите јавни настапи предвидени за четврток и за петок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.