Регион
Бугарија сака безвизен режим со САД во замена за поддршка за TTIP

Постои голема веројатност Бугарија да не го поддржи договорот за трансатланското партнерство за инвестиции и трговија (TTIP), доколку САД не воведе безвизен режим за бугарските граѓани, изјави во средата бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски, пренесуваат бугарските медиуми.
Договорот за TTIP, кој ќе биде потпишан во 2015 година меѓу САД и Европската унија, треба ги отстрани пречките околу меѓусебната трговијата и инвестициите, но неговата содржина сé уште не е целосно јасна.
Левите сили во Европа и еколошките движења шпекулираат дека овој договор ќе овозможи екстракција на гас од шкрилци и дека слободната трговија ќе влијае на намалувањето на социјалните права во Европа.
„Официјалното мислење на Бугарија не се разликува многу од она на другите земји членки, со таа разлика што ние сакаме како основно прашање во преговорите да биде ставено и она за визниот режим за Бугарите за САД“, изјавил Лукарски, додавајќи дека во оваа фаза преговорите сé уште не стигнале до ова прашање.
На граѓаните на некои земји членки на Унијата, како што се Бугарија, Романија и Полска сé уште им е потребна виза за туристички да патуваат во САД, Канада или Австралија.
„Се надевам дека ќе добиеме сериозна поддршка од земјите членки на ЕУ, како и на разбирање од страна на нашите американски партнери“, порача бугарскиот министер.
САД генерално ја поддржува идејата за безвизен режим со сите земји членки на Унијата, но потсетува на своите внатрешни закони кои бараат туристичкиот престој да не биде надминат, што често е случај со бугарските, романските и полските граѓани./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.