Регион
Бушати: Ќе ја спречиме обуката на терористи во Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, потврди дека во поодделни краеви во Албанија се врши обука на лица кои потоа би се вклучиле во терористички акции како и за „џихад во Сирија“, пренесуваат медиумите.
Бушати додал дека Албанија е одлучна во намерата да ги изолира ваквите појави. Според пишувањето на албанскиот весник Шекули, на конференција за печат со канадскиот колега Џон Баирдом, шефот на албанската дипломатија навел дека таквите кампови постојат во Албанија но и на Косово.
Објаснувајќи дека оваа појава е блиску поврзана со економските и социјалните прилики во Албанија, Бушати нагласил дека албанската држава работи на нивно изолирање и сузбување.
„Албанија не негира дека во одредени зони се спроведуваат обуки за изведување терористички акти, но тоа не се поврзува со верската толеранција, како една од најголемите достигнувања кои ги имаме. И посетата на папата се потпира токму на неа. Албанија одлучно работи на изолирање на овој феномен“, истакнал Бушати./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.