Регион
Бушати: Време е за ново поглавје во соработката меѓу Србија и Албанија
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати во четвртокот оцени дека настаните за време и по фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, предизвикале голема штета во билатералните односи, што не оди во прилог на добрата соработка меѓу двете земја.
„Верувам дека никој не може да има корист од насилството, провокациите и инцидентите. Овој регион доволно страдаше од војни, етнички чистења, меѓусебни обвинување. Повеќе од одлучни сме да отвориме ново поглавје во соработката со Србија и другите земји во регионот“, изјавил Бушати во пресрет на средбата меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот албански колега Еди Рама во ноември во Белград.
Бушати потенцирал дека членството во ЕУ е заедничка цел за сите земји во регионот, поради тоа треба повеќе да се зборува за иднината, отколку за минатото.
„Средбата меѓу двајцата премиер, без никакви сомневања е позитивен чекор, бидејќи дијалогот на високо ниво создава цврсти темели за билатерална соработка во многу области. Има неколку договори кои треба да се завршат и кои ќе ја поттикнат билатералната соработка“, истакнал шефот на албанската дипломатија.
Оценувајќи ги односите меѓу двете земји во последните 20 години, албанскиот министер укажал дека средбата меѓу двајцата премиери ќе биде прва средба во историјата на односите меѓу двете држави.
„Како таква, таа сама посебе претставува ново поглавје или нов почеток, во чиј фокус ќе биде тоа што двете земји треба да го направат во иднина во корист на билатералната соработка, мирот и демократската стабилност во регионо“, рекол Бушати.
Запрашан за посетата на Рама на Србија, тој изјавил дека посетата на албанскиот премиер ќе биде усогласена со српските власти „во согласност со принципите на меѓусебното почитување и доверба и најдобрата практика“.
Додал дека нема ништо спорно во намерата на албанскиот премиер да го посети Прешево, областа ви јужна Србија во којашто живее значителна албанската зеадница .
„И останатите албански претставници за време на посетата во Белград го посетуваа Прешево – и Рама како претставник на опозицијата го посетил Прешево исто како што и јас како член на опозицијата по посетата на Белград бев и во Прешево“, рекол Бушати и додал дека тоа е нормална пракса која била применувана и во минатото.
Запрашан дали идејата за ткн „Голема Албанија“ е дел од официјалната политика на Тирана, Бушати одговорил дека тоа не треба да им го објаснува ниту на српската влада, ниту на која и да е друга влада во светот.
„За жал, таа идеја отсекогаш била кошмар на Србија, таа никогаш не била дел од нашиот политички проект и политичката цел“, рекол Бушати и додал дека политичката цел на владата во Тирана е цел регион да биде дел од Европската унија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.