Регион
Чавушоглу: Турција ќе се откаже од договорот со мигрантите ако ЕУ не ги укине визите

Турција ќе се повлече од договорот за имигрантите со Европската унија доколку на нејзините граѓаните не им бидат укинати визите за влегување во Шенгенскиот простор, предупреди во понеделникот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Во екот на затегнувањето на односите меѓу Анкара и Брисел, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу повтори дека „не е возможно“ неговата земја да ги ублажи антитерористичките закони, што е еден од 72-та услова коишто ги побара Европската унија за укинувањето на визите за турските државјани.
„Им рековме: ‘Ние не ви се закануваме’. Но постои реалност. Склучивме два договора и едниот е поврзан со другиот“, изјави Чавушоглу.
Доколку е потребно, продолжи Чавушоглу, Анкара би можела да преземе „административни“ мерки за блокирање на договорот за мигрантите. Минатата седмица турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека „од турскиот парламент нема да излезе никаков закон“ во врска со договорот со ЕУ, доколку не се постигнат резултати околу визите.
За Турција договорот за либерализација на режимот на пристапот за нејзините граѓани во Шенгенскиот простор до крајот на јуни е незаобиколен услов за продолжување на примената на поширокиот договор за мигрантите кој овозможи намалување на приливот на илегалните мигранти кон западна Европа.
Сепак, укинувањето на визите до крајот на предвидениот рок не изгледа веројатно, имајќи предвид дека Ердоган се спротистави на измените на правната дефиниција на „тероризмот“ во турското законодавство. ЕУ таа дефиниција ја смета за „преширока“, бидејќи во многу случаи Анкара ја користи за да гони универзитетски професори и новинари поради „терористичка пропаганда“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.