Контакт

Регион

Чепурин: Ако Србија и воведе санкции на Русија, „ќе си пука самата во нога“

Објавено пред

Доколку Србија и воведе санкции на Русија, „ќе си пука самата во нога“, изјавил во интервју за „Вечерњи Новости“, рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин.

dobivaj vesti na viber

 

Тој истакнал дека „таквата одлука може да биде донесена само од „политичар самоубиец“, бидејќи земјата нема да има никаква полза, туку само огромна штета“.

 

„Мерки против Русија воведоа само 30-тина земји од вкупно 193 земји членки на ОН, а меѓу нив нема ниедна од БРИКС. И повеќето ваши соседи не го направија тоа, а оние кои го направија, кога видоа какви се руските контрамерки, сфатија што направиле“, напоменал Чепурин.

 

Тој изјавил дека Русија ја разбира специфичната позиција на Србија и политиката на српската влада за интеграција во ЕУ, а го цени и избалансираниот став на Белград во однос на прашањето за ситуацијата во Украина, каде главната цел сега е да се спречат масовните страдања на цивилите на југоистокот на земјата.

 

„Киевските власти де факто го претворија Доњецк во Сталинград, Герника, или, пак, Вуковар“, истакнал рускиот амбасадор, потенцирајќи дека украинската криза нема да се реши преку санкции, туку само со спречување на насилството и конфликтите.

 

Чепурин исто така порачал дека кога Србија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ, Москва од официјален Белград очекува да биде максимално неутрален во целиот дијалог, и да делегира експертски кадар кој ќе може да се справи со сите предизвици во Европа./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Судот во Нови Сад ја прекина постапката против Горан Весиќ и уште двајца обвинети за падот на настрешницата

Објавено пред

Вонстепениот совет на Вишиот суд во Нови Сад ја прекина кривичната постапка против поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, во случајот со падот на настрешницата на железничката станица.

dobivaj vesti na viber

Тие беа обвинети за тешко кривично дело предизвикување општа опасност.

Во своето образложение, судот наведе дека нема доволно докази за да се поткрепи основано сомнение дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се сметаат за одговорни.

Со одлуката на судот им е укината мерката за домашен притвор на Танасковиќ, Спремиќ, Гавриловиќ и Тодоровиќ. Со наредба на Врховниот суд на Србија во Белград, Анита Димоски и Горан Весиќ остануваат во домашен притвор.

Паралелно, судот во Нови Сад ги потврди обвиненијата против седум други обвинети во случајот со трагедијата на железничката станица.

На 1 ноември минатата година, 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено при падот на бетонската настрешница на неодамна реновираната зграда на станицата. Инцидентот предизвика масовни протести во Србија , предводени главно од студенти, кои бараа оставка на владата и закажување предвремени парламентарни избори.

Агенцијата Франс Прес прецизира дека одлуката на судот во Нови Сад не е конечна, а обвинителството веќе ја објави својата намера да поднесе жалба.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ: Го пречекуваме Божиќ во сенка на сè поголема неизвесност

Објавено пред

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, во својата божиќна честитка до граѓаните, рече дека Божиќ оваа година доаѓа во време на глобална неизвесност, закани од насилство и војни и неизвесна иднина, нагласувајќи дека е особено загрижен за поделбите и растечката недоверба во хрватското општество.

dobivaj vesti na viber

Во пораката упатена до своите сограѓани, Милановиќ нагласи дека, како претседател и граѓанин, би сакал да посака мирни и радосни празници, но дека околностите во кои се пречекува Божиќ не го дозволуваат тоа.

„Ќе го пречекаме и прославиме Божиќ пред нас во сенка на сè поголема неизвесност, сè поголеми закани од насилство и војни и неизвесна иднина“, рече претседателот, додавајќи дека во таква глобална средина во Хрватска гледа и чувствува поделби, меѓусебни обвинувања и растечка недоверба.

Тој нагласи дека негова прва и главна обврска како претседател е да стори сè што е можно за безбедноста и стабилноста на хрватското општество и државата, за да можат сите граѓани, без оглед на националноста, религијата или политичката припадност, да живеат мирно, да работат, да одгледуваат семејства и да планираат за иднината.

Зборувајќи за идентитетот на Хрватска, тој нагласи дека земјата е силна поради нејзината разновидност, не само природна, туку и разновидноста на обичаите, традициите и културата на животот кои, како што изјави, се трајно вткаени во нацијата и ја прават поотпорна на закани.

Тој, исто така, потсети на историските искуства, нагласувајќи дека Хрватска била најсилна кога била обединета, без непотребни поделби и меѓусебна недоверба, и рече дека не смее да се дозволи поделбите во мир да ја загрозат постигнатата стабилност и безбедност.

Милановиќ предупреди и на промените во глобалниот поредок, во кој, како што рече, моќта и бруталната сила сè повеќе стануваат правило, а од помалите држави се очекува послушност што се граничи со покорност. Во такви околности, нагласи тој, хрватскиот народ мора да се грижи за сопствените интереси и за иднината на своите деца, останувајќи добронамерен и праведен кон другите.

Изрази надеж дека разумот и мирот ќе преовладаат во светот, а хармонијата и меѓусебното разбирање меѓу хрватскиот народ ги наведе како своја најголема божиќна желба.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Во регионот се вооружуваат, формираат сојузи, нашата работа е да го зачуваме мирот

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека во регионот се случуваат многу работи кога станува збор за вооружување и создавање воени сојузи, додека, како што изјави, државите актери се преправаат дека ништо не се случило.

dobivaj vesti na viber

„Одеднаш добивате состаноци на Приштина, Тирана и Загреб, кои сите тие речиси ги игнорираат и велат „каде ќе нè нападнат“. Зошто? И зошто ги одржаа тие состаноци? И што потпишаа договор за соработка и создавање не само соработка, туку и воен сојуз? Зошто? Поради сирењето и воената музика? Не. Зошто ги раширија тие воени договори со Словенија, зошто толку се обидоа да ја вклучат Бугарија во тие процеси? Апсолутно. Сигурно е дека не го направија тоа поради сторијата во весникот. Напротив, кога разговарав со генералниот секретар на НАТО и кога разговарав со луѓето во ЕУ, сите ги кренаа рамената“, рече Вучиќ на отворањето на Конференцијата на амбасадори организирана од Министерството за надворешни работи.

Тој истакна дека последиците од ова може да се видат денес – од фактот дека ќе се почитува Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244, до фактот дека Американците недвосмислено и отворено ги вооружуваат Албанците на Косово, како и во Турција.

Вучиќ додаде дека брзата испорака на хаубици од 105 мм и сè друго веќе не е проблем, со само една единствена цел, а тоа е директно загрозување на Србија и нејзиниот територијален интегритет и, секако, напади врз цивилното население и воено-полициските структури на Србија.

„Нема друга цел. Зошто има толку многу вооружување на Република Хрватска? Една постојана, перманентна кампања против Република Србија и против српскиот народ и сите претставници на Србија?“, праша Вучиќ, додавајќи дека сите се или во НАТО или на патот на НАТО, како што е Босна и Херцеговина.

„Моето прашање е, кон кого е насочено ова, од кого треба да се заштитите? Претпоставувам дека НАТО е доволно силен секогаш и во секој момент да ја победи малата Србија. Србија тешко би се осмелила, а тие исто така знаат дека не е наша политика да напаѓаме некого во регионот? Зошто стотици нови снајперисти, 18 нови „Цезари“, авиони, противвоздушни топови и сè друго? Поради Австрија, чија војска е неутрална, само на хартија, се разбира, тоа им е јасно на сите. Нема да бидат. Ќе биде поради Србија“, рече претседателот.

Вучиќ изјави дека поради заштитата на источното крило во евентуален конфликт со Руската Федерација, војници се акумулираат во нашето подрачје.

„Наша работа е и на сите вклучени во политиката да го зачуваме мирот и добро да разбереме што ни прават, но да реагираме на тоа мирно, смирено и трпеливо“, нагласи Вучиќ.

Тој додаде дека Србија, сè додека ги зајакнува своите капацитети и нејзината економија оди со иста брзина или расте побрзо од нивните економии, не може да биде загрозена.

„Затоа е важно да се обидеме да ги решаваме проблемите насекаде преку разговор, дијалог. Нема да биде лесно, но ќе мора да го зачуваме мирот бидејќи изгубивме генерации луѓе во нашата земја од почетокот на минатиот век. Време е да имаме еден век мир, еден век стабилност и безбедност за нашите граѓани. Тоа е нашата прва цел – зачувување на мирот и стабилноста“, рече претседателот Вучиќ.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави...

Свет1 час

Католиците ширум светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет2 часа

Трката по суперинтелигенција: Технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на Гардијан, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет2 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија2 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија13 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија14 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија15 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија17 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија19 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија20 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија21 час

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија21 час

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија21 час

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија22 часа

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија23 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија23 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија24 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија24 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа24 часа

(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...