Регион
Чепурин: Посетата на Путин на Белград никому нема да штети
Рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, порача во неделата дека претстојната посета на претседателот Владимир Путин на Србија на 16-ти октомври, ставена во контекстот на судирите меѓу Европската унија и Москва околу кризата во Украина, никому нема да му нанесе штета.
Во интервјуто за Радио Белград, амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Александар Чепурин истакна дека посетата на претседателот Владимир Путин значи потврда дека билатералните односи меѓу Москва и Белград „позитивно се развиваат“.„Посетата нема да трае долго, но ќе биде интензива, Ќе има и емотивна конотација, но и практичен економски карактер. Никому нема да му донесе штета“, рече Чепурин, истакнувајќи дека на оваа посета „нема да има ниту закани, ниту непријатности“.Потсетувајќи дека Путин веќе престојуваше во посета на Белград во 2011 година, тогаш како премиер, рускиот амбасадор оценува дека доаѓањето на 16-ти октомври на рускиот претседател во српската престолнина претставува „исправна работа“ и потврда дека односите меѓу двете држави „позитивно се развиваат“.Во врска со барањето на Европската унија дека Србија треба јасно да се изјасни во врска со украинската криза и санкциите што Брисел, како и САД, ѝ ги наметнаа на Русија, амбасадорот Чепурин вели дека Москва „цврсто смета дека движењето на Србија кон ЕУ нема да им нанесе штета на билатералните односи со Русија“.„Би сакал сите земји коишто го бараат тоа од Србија, исто така, да го признаат територијалниот интегритет на земјите кои ги признаа обединетите нации. Вие знаете за што јас зборувам“, порача Чепурин, алудирајќи на поранешната српска јужна покраина Косово која во 2008 година еднострано со поддршка на водечките земји на ЕУ и САД прогласи независност, којашто Русија не ја признава, како и неколку земји членки на Европската унија.Чепурин оцени дека „во спротивно тоа би биле двојни стандарди“ во стилот „ние не ве почитуваме, но од вас бараме“. „Тоа сѐ се политички работи, но би требало да се знае границата“, додаде рускиот амбасадор во Белград.Чепурин истакна и дека посетата на Путин, освен церемонијалниот дел и неговото присуство на воената парада, ќе биде одбележана доминантно со економски прашања, но не наведе за кои сфери ќе стане збор. Притоа ја оцени соработката на Русија и Србија како „прилично динамична“, и укажа дека на крајот од 2014 година се очекува раст на руско-спрската стоковна размена од 20 до 30 отсто, како и дека во тој случај би достигнала „3,5 милијарди американски долари, а можеби и повеќе“.„Тука има можност. Доколку му пристапиме на тоа паметно, одговорно и конструктивно, ќе можеме да зборуваме за повеќе работи и да тргнеме напред“, изјави Чепурин.Зборувајќи за меѓународниот гасовод Јужен тек кој треба заобиколувајќи ја Украина да ја снабдува западна Европа со руски гас но наидува на административни пречки од Брисел кој од земјите кои се членки на ЕУ или како Србија се кандидати за членство бара да ги раскинат договорите за изградба на гасоводот, Чепурин оцени дека реализацијата на тој проект на „Србија ќе ѝ овозможи за две три години да стане регионален енергетски центар“.„Ќе биде искористена инвестиција од две милијарди евра, а тоа значи поголем број вработувања, поевтин и посигурен увоз на гас за Србија, развој на хемиската, енергетската и електроенергетската индустрија, но ќе им значи и на обичните граѓани да користат гас во своите домаќинства и автомобили“, изјави рускиот амбасадор во Белград во интервјуто со коешто се најавува посетата на рускиот претседател Владимир Путин на 16-ти октомври.Како што претходно е најавено, Путин во Белград ќе има одвоени средби со српскиот колега Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ, а ќе присуствува и на воената парада по повод 70-годишнината од ослободување на Белград од германската окупација во што учествуваше и поранешната Црвена армија. На воената парада најавено е учество и на пет руски „МиГ-29“ од акробатската група „Стрижи“ на руското воздухопловство./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

