Регион
Церар имал намера границата да ја затвори во февруари, ја критикува Меркел

Словенија својата граница за илегалната миграција сакала да ја затвори и порано, но морала да го почека самитот на ЕУ кога и другите земји членки се согласиле дека ткн балканска мигрантска рута треба да престане, призна словенечкиот премиер Миро Церар во разговорот за германскиот весник Die Welt од петокот.
„Имавме намера да ја затвориме границата уште во февруари, но некои европски партнери нé замолија да почекаме до самитот“, вели словенечкиот премиер Миро Церар.
Притоа изнесува и некои забелешки за германската канцеларка Ангела Меркел, велејќи дека таа од една страна ја поттикнувала политиката на отворени врати за мигрантите, додека истовремено го ограничувала бројот на оние мигранти кои од Австрија можеле да влезат во Германија.
„Можноста имигрантите кои на тоа имаат право, да добијат азил во Европа и натаму ќе постои, но Германија и другите поголеми членки на ЕУ мора да внимаваат на поголема контрола на надворешните европски граници. Меѓутоа, стравувам дека илегалните криумчари на луѓе и натаму ќе ги злоупотребуваат проблемите во кои се наоѓаат миграните, а тоа не смееме да го дозволиме“, вели Церар во разговорот./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.