Регион
Церар: Мора да се спречи напнатоста меѓу земјите од балканската рута
Споровите меѓу државите од рутата низ која поминуваат бегалците би можеле да ги заострат односите на западен Балкан, но и и пошироко, изјавил во четвртокот словенечкиот премиер Миро Церар, по завршувањето на вонредниот самит на Европската унија (ЕУ), предупредувајќи дека треба да се направи многу повеќе за да не дојде до поголеми проблеми.
„Знаеме дека Балканот моментално не е доволно стабилен за да издржи една ваква состојба. Затоа многу е важно да се посвети особено вниамие кон Балканот и поширокиот регион, да им се помогне, па и финансиски“, изјавил Церар по завршувањето на самитот.
„Лично истакнав дека на западен Балкан му е потребно внимание“, рекол Церар, додавајќи дека низ регионот сега поминуваат голем број на бегалци, кои сакаат да стигнат до Германија и другит европски земји.
„Предупредив дека треба да се направи се за да не дојде до поголема напнатост помеѓу Хрватска и Србија и дека треба да им се помогне и на оние држави кои се уште не се членки на ЕУ, но со нас добро соработуваат“, изјавил Церар за словенечките медиуми.
Словенечкиот премиер додал дека Словенија сака да делува како медијатор во тие можно спорови, но и сама е преокупирана со бегалскиот бран./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Турски авион „ертрактор“ се урна во Хрватска: пронајдено е телото на пилотот
Авион ертрактор се урна во Хрватска. Телото на пилотот е пронајдено на местото на несреќата, објавува „Јутарњи лист“.
Авионот што се урна бил турски „Ертрактор“, тип АТ 802. Според изворите, во рок од 24 часа е лоцирано местото каде што се урна авионот.
Според „Јутарњи“, околу 18:00 часот спасувачките екипи се упатиле кон местото на несреќата и го пронашле авионот во пламен.
Како што пренесува овој портал, два турски „Ертрактор“ летале од правец на Риека кон Загреб, но се свртеле поради маглата. Едниот слетал на аеродромот на островот Крк, а другиот исчезнал околу 17:10 часот.
„Денес, на 13 ноември 2025 година, во 16:53 часот, оперативниот центар за цивилна заштита доби информација од хрватската контрола на летање за исчезнување од радарот на турскиот авион „Ер Трактор АТ-802“, кој беше на повратен лет Риека-Загреб-Риека, и започна операција за пребарување и спасување на авионот.“
„После тоа, во 17:11 часот, Окружниот центар 112 Госпиќ доби пријава за пад на авион во пламен и веднаш ги извести службите за итни случаи, а полицијата, пожарникарите, службите за итна медицинска помош и координаторот на местото беа испратени на терен“, објави раководителот на Регионалната канцеларија за цивилна заштита Госпиќ.
Фото: принтскрин
Регион
Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“
Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле платени да пукаат врз цивили. Како дел од постапката, италијанските обвинители побараа увид во сведочењето на американскиот пожарникар Џон Џордан од 2007 година дадено пред Хашкиот трибунал.
Џордан тогаш изјавил дека видел вооружени мажи што не личеле на локални жители и дека биле придружувани од водичи. Тој опишал дека носеле комбинација од цивилна и воена опрема и пушки што личеле на ловечко оружје. Според него, снајперистите често ги таргетирале најмладите во семејствата – деца што оделе со возрасни или девојчиња.
Италијанското Обвинителство, предводено од обвинителот Алесандро Гобис, ја проширува истрагата и врз можни италијански државјани што учествувале во вакви злосторства. Во постапката се вклучени и документи од поранешната италијанска разузнавачка служба СИСМИ, која, според сведочења, имала сознанија за присуство на странски платеници во Босна и Херцеговина.
Истрагата се води за евентуално намерно убиство извршено со суровост и злобни мотиви, како и за идентификување на организаторите на викенд-турите и лицата што плаќале за учество.
Опсадата на Сараево траеше од април 1992 до февруари 1996 година, при што градот беше секојдневно изложен на гранатирање и снајперски напади.
Регион
Европол разби мрежа од платеници најмени за киднапирање албански наркобос
Шест лица се уапсени во голема меѓународна операција за разбивање група платеници најмени од криминална мрежа за киднапирање водач на соперничка банда. Операцијата, која се одржа вчера, 12 ноември, беше предводена од Германија со поддршка на Европол и полицијата од Данска, Франција, Латвија и Обединетото Кралство, соопшти Европол.
Целта на платениците, меѓу кои беа и поранешни членови на Француската легија на странци, бил водач на албанска мрежа за трговија со дрога. Се верува дека тој ја организирал кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра, а киднапирањето било наменето како одмазда. Платениците биле латвиски државјани, високо обучени и опремени со професионална опрема за извршување на задачата.
Четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство во координирана операција. Уште двајца осомничени беа уапсени претходно во октомври 2014 година во Германија и оттогаш се осудени. Европол одигра клучна улога во истрагата овозможувајќи размена на информации и оперативна координација. На денот на операцијата експерт на Европол беше во Ница за да им помогне на истражителите на терен во реално време со вкрстена проверка на податоците.
Истрагата откри дека некои од осомничените се поранешни војници на Француската легија на странци, што укажува на алармантен тренд поврзан со војната во Украина. Европол предупредува дека војници обучени за борба – вклучувајќи Украинци обучени од американските сили, легионери и руски платеници – се враќаат од бојното поле и ги користат своите вештини за потребите на организираниот криминал.

