Регион
Ципрас бара помош од ЕУ за згрижување на мигрантите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот изјави дека Грција не може самостојно да го реши проблемот со илјадиниците мигранти кои во земјата доаѓаат од Сирија и од Авганистан, додавајќи дека на Атина ѝ треба помош од страна на Европската унија (ЕУ).
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот изјави дека Грција не може самостојно да го реши проблемот со илјадиниците мигранти кои во земјата доаѓаат од Сирија и од Авганистан, додавајќи дека на Атина ѝ треба помош од страна на Европската унија (ЕУ).
„Сега е време ЕУ да покаже дали е солидарна или во неа секој настојува да си ги заштити своите граници“, рекол грчкиот премиер, пренесува Reuters.
Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош на бегалците во петокот соопшти дека грчката влада треба да преземе контрола и да го реши „тоталниот хаос“ на своите острови на кои дошле илјадници мигранти.
Директорот на УНХЦР за Европа, Винсен Коштел, рече претходно дека по обиколката на грчките острови Лезбос, Кос и Иос, членките на ЕУ, исто така, мораат да направат повеќе и да го поделат товарот со Грција, во која само во јули пристигнаа 50 илјади мигранти.
Reuters потсетува дека со проблемот на голем наплив на мигранти се соочуваат Грција и Италија, дека Унгарија на границата со Србија подигна ограда и дека Британците се борат да го спречат влегувањето на неколку илјади мигранти, кои чекаат од францускиот град Кале да влезат преку Ламанш во Британија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ ги критикуваше српските министри: „Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во Владата, срамота е“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се кон премиерот Ѓуро Мацут, изјави дека не е задоволен од ангажманот на министрите во Владата на Србија.
„Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во владата и тоа ќе ти го кажам во лице. Не морам да ти кажам дека знам колку време луѓето поминуваат во владата. Срамота е. Тоа е сè што имам да ти кажам“, рече Вучиќ на седницата на Советот за соработка на Србија и Република Српска во проширен состав, во Палатата на Србија, во Белград.
Тој ги замоли министрите да се ангажираат повеќе и да работат понапорно, наведувајќи дека во просек 1,2 министри се на терен секој ден, а не 16.
„Потребна е многу поголема ангажираност, многу поголем напор и работа. Не живејте за да помине уште еден ден, туку за да се направи нешто големо“, рече Вучиќ.
Ko da mu je vladu šio Đuro, a ne on sam… pic.twitter.com/h8ixFb8E4t
— Џyлc (@doprinositelj) September 20, 2025
Регион
Црногорските инспектори напишале две илјади казни вредни 1,2 милиони евра во текот на туристичката сезона

За време на летната сезона, туристичките инспектори во Црна Гора извршиле над 2.000 инспекциски надзори во приморските градови, при што биле откриени повеќе од 1.500 неправилности, соопшти Министерството за туризам.
Најмногу контроли биле спроведени во Улцињ, Бар, Будва, Котор, Тиват и Херцег Нови, каде што биле ангажирани 24 инспектори. Како резултат на надзорите, изречени се речиси 2.000 прекршочни налози во вкупна вредност над 1,2 милиони евра, а за неколку објекти е донесена и мерка забрана за работа, вклучително и привремено затворање со службен печат.
Според Министерството, најчестите прекршувања се однесувале на неисполнување на минимални технички услови во угостителски објекти, неиздавање фискални сметки, неправилности кај туристички агенции и капалишта, како и рекламирање спротивно на законската регулатива. Забележани се и прекршувања поврзани со користење тутунски производи во затворени простории, иако тоа е забрането со закон.
Од ресорното министерство истакнуваат дека овие активности се дел од напорите за подигнување на квалитетот на туристичките услуги и заштита на правата на туристите.
„Инспекцискиот надзор ќе продолжи, со цел да се обезбеди безбеден, уреден и пријатен престој за сите посетители на Црна Гора“, стои во соопштението.
Регион
Додик официјално се повлече од функцијата претседател

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), го потпиша указот за прогласување на Законот за измени на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално стана јасно дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања.
Иако безброј пати повтори дека не го признава, како што рече, неуставниот Суд на Босна и Херцеговина и дека нема да ги признае пресудите на тој суд, Додик целосно ја призна пресудата кога ја замени својата едногодишна затворска казна со парична казна со плаќање 36.500 КМ за да избегне одење во затвор.
Лидерот на ХДЗ, Драган Човиќ, неодамна изјави дека Република Српска во моментов нема претседател и дека позицијата треба да се пополни.
„Дотогаш, има одреден пренос на надлежности, што исто така ќе биде објавено деновиве, односно одговорностите за тој дел од извршувањето на работата се преземени, за да може сè да функционира“, рече Човиќ.
Фото: ЕПА