Регион
Ципрас: Грција останува во еврозоната и ќе се бори против штедењето

Грција ќе остане во еврозоната и ќе води борба против политиките на штедење кои ја уништуваат Европа, изјави во неделата Алексис Цирпас, челникот на коалицијата на радикалната левица Сириза, којашто според анкетите ќе биде победник на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари.
„Јасно е од секој аспект дека прашањето на излегување на Грција од еврозоната не постои“, истакнува Алексис Ципрас во разговорот за грчкиот неделник на англиски јазик Realnews. Појаснува дека таквите информации се појавиле уште во 2012 година, во екот на најголемата грчка криза, меѓутоа „атмосферата во овој момент е сосема поинаква“.
„За таквата можност единствено зборува (грчкиот премиер на заминување) Антонис Самарас, меѓутоа високите европски функционери секојдневно го демантираат“, истакнува челникот на Сириза.
Минатата седмица Европската комисија извести дека припадноста на конкретна земја на еврозоната е „неотповиклива“. Тоа дојде како одговор на повеќето написи во германскиот печат дека владата на канцеларката Ангела Меркел разработува сценарија со можноста на излегување на Грција од монетарната унија, како и дека смета оти тоа не би претставувало особен проблем.
Ципрас тврди дека Самарас систематски ги заплашува грчките избирачи со ткн сценарио „Grexita“, односно излегувањето на Грција од еврозоната, осудувајќи ја политиката на Сириза којашто сака да ги прекине жестоките мерки на штедења, инаку договорени со „тројката“ меѓународни доверители на Атина во замена за огромниот пакет финансиска помош со кој земјата го избегна банкротот и можноста да ја напушти еврозоната пред неколку години.
Ципрас возвраќа дека Грција „и натаму ќе биде на чело на борбата против политиката на штедење која и’ нанесува штети на Европа, ја јакне крајната десница и европската економија ја води кон рецесија“. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Поскок касна девојче на Јадран: седела со родителите на плажа кога се слушнал вресок

Кон крајот на август едно украинско семејство доживеало сериозен инцидент за време на нивниот одмор во Хрватска. Додека се релаксирале на плажата со камчиња во заливот Дубовица на Хвар, нивната петгодишна ќерка била касната од отровна змија.
„За време на ручекот девојчето си играше со своите пријатели во близина на кафулето на неколку метри од нас. Одеднаш дотрча и рече дека ја каснала змија, не можевме да веруваме“, вели Марта (31), која сè уште лежи со своето дете во КБЦ – Сплит на лекување, за 24sata.hr.
Мајката исто така истакнува дека на детето веднаш му се слошило, почнало да повраќа и да ја губи свеста, а ногата, каде што било каснато, целосно помодрела.
„Сопственикот на кафулето веднаш повика брза помош. За да забрза, нè однесе до патот со својот автомобил. На пат кон градот се префрливме во брзата помош, која нè однесе до хеликоптерот, а потоа до болницата во Сплит. За време на возењето детето постојано ја губеше свеста и повраќаше, беше ужасно да се гледа“, рече мајката.
Таа додаде дека за помалку од еден час биле во Сплит.
„Ногата постепено помодрувуше на местото на каснувањето. Болницата потврди дека станува збор за змија. Кога пристигнавме во болницата, на детето му беше даден противотров и нè предупредија за можни компликации со ногата. По противотровот, детето се чувствуваше подобро, но ногата беше отечена. Ќерката беше на интензивна нега“, вели мајката.
Лекарите се потрудиле да ѝ ја спасат ногата на малата Украинка, а мајката истакнува дека сè било многу исцрпувачки.
„Ни кажаа дека постои сериозен ризик да ја изгуби ногата. Следното утро лекарите ме повикаа и ми рекоа дека е потребна итна операција“, додава мајката, која признава дека ѝ било тешко да ги потпише документите за да го однесе своето дете на таква операција.
По операцијата, која била успешна, детето било префрлено на хируршкото одделение. Таа сè уште е во болница, а вчера била подложена на уште една операција за затворање на раните.
„Тешко ми е дури и да ја погледнам. Нозете ѝ се полни со конци, сè уште прима инфузии и антибиотици. Но, лекарите направија чудо. Ѝ го спасија животот, но и ногата. Бескрајно сум им благодарна“, вели мајката.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Умаг: поплавени улици, речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа

Силна бура и обилни врнежи од дожд го погодија подрачјето на Умаг во Истра утрово.
До 7:30 часот наутро веќе наврнаа 84 мм дожд, а словенечката станица во Порторож исто така измери над 50 мм. Исто така, се регистрира екстремно силна активност на грмотевици, со речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа, а атмосферата не покажува знаци на смирување, објавува ИстраМет.
Порталот Неверин објавува дека наврнале 100 мм дожд за помалку од еден час.
За денес и утре во Хрватска е најавено нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици, а издадени се предупредувања за потенцијално опасно време за некои региони.
фото: принтскрин
Регион
Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС) во времето кога авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, требаше да слета во градот Пловдив, Бугарија.
„Вашите информации се лажни“, изјави Песков за „Фајненшл тајмс“, кој прв ја објави веста.
Претходно денес, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ напиша дека наводното руско мешање довело до прекини во ГПС навигацијата на авионот за време на приближувањето кон аеродромот.
Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, изјави дека инцидентот со летот на претседателката Урсула фон дер Лајен за Бугарија ја истакнал важноста на нејзината мисија во земјите-членки на првата линија.
Таа потврди дека, според информациите добиени од бугарската влада, наводниот руски напад врз Фон дер Лајен за време на нејзиниот лет во неделата ги оневозможил ГПС навигациските услуги на аеродромот Пловдив, принудувајќи го авионот да слета.