Контакт

Регион

Ципрас: На добар пат сме кон одржлив договор

Објавено пред

Грчкиот премиер Алексис Цирпас изрази во средата во Брисел по разговорите со челниците на трите европски институции оптимизам дека со европските партнери ќе постигне одржлив договор за иднината на неговата земја, додека неговиот министер за финансии Јанис Варуфакис претходно во средата рече дека по „конструктивниот“ состанок со претседателот на Европската централна банка (ECB) Марио Драги од кого бараше поддршка за грчките банки, дека е охрабрен од разговорот и дека „верува во иднината“. 

dobivaj vesti na viber

„Сé уште нема договор, но сме на вистинскиот пат кон одржлив договор“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по разговорот со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Ципрас во средата во Брисел се средна и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на Европскиот совет, Доналд Туск. Меѓутоа, единствено по средбата со Шулц беше одржана прес-конференција, но без можност новинарите да поставуваат прашања.

„Голем оптимист сум дека ќе направиме сé што можеме за да изнајдеме заеднички, одржливо и заемно прифатливо решение за нашата заедничка иднина. Нашата цел е да се почитува суверенитетот на грчкиот народ и јасниот мандат на нашиот народ. Истовремено, ние ги почитуваме правилата на Европската унија. Сакаме да ја поправиме таа рамка., а не да ја уништиме и веруваме дека во таа рамка можеме да пронајдеме заедничко одржливо решение. Секако, уште немаме решение, но на добар пат сме да пронајдеме одржлив договор“, изјави Ципрас.

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефович на друга прес-конференција, на новинарско прашање за разговорите меѓу Јункер и Ципрас, изјави дека „се договорија дека ќе ги продолжат разговорите, но не преку медиумите“.

Претседателот Доланд Туск по средбата со Ципрас се огласи со соопштение во кое предупреди дека на Грција и’ претстојат тешки преговори. „Кога станува збор за европската финансиска помош на Грција, ја нагласив потребата да се пронајде решение прифатливо за сите земји членки вклучени во преговорите. Тие преговори ќе се водат во рамките на еврогрупата. Тие ќе бидат тешки, ќе бараат соработка и дијалог, како и решителни напори од Грција“, се вели во писмената изјава на Туск.

„Се согласивме околу важноста на Европската унија во поглед на клучните предизвици со коишто се соочува Европа“, се додава во изјавата на Туск со јасна алузија на потребата на единство во ЕУ кон Русија, во врска со двосмислените изјави кои доаѓаат од грчките владини функционери во врска новите европски санкции против Москва поради нејзината наводна улога во украинската криза.

Претходно во Франкфурт новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис се сретна со првиот човек на Европската централна банка, Марио Драги.

„Водевме многу конструктивни разговори“, рече Варуфакис за новинарите по средбата, и додаде дека комуникацијата била извонредна, што го охрабрува за во иднина.

„ЕСВ е клучна во трката на Грција со времето за да го избегне банкротот. Банката мора да ги поддржи нашите банки кои би ја задржале главата над водата со помош на краткорочни пренесувања на долгот“, рече Варуфакис во разговорот за германскиот неделник Die Zeit објавен во средата во кое признава дека е „министер за финансии на држава во стечај“.

Грчките банки се главните купувачи на грчките обврзници, со коишто земјата краткорочно се финансира. Главно ЕСВ преку двата механизам за заеми, редовни и итни, им доставува парти на грчките банки. Варуфакис изјави дека во разговорот со Драги ги споменал „обврските, правилата, проверките и процесите“ со коишто ЕСВ ја доделува својата помош, подразбирајќи дека претседателот на ЕСВ би бил подготвен да ги пречекори правилата.

На пазарите, меѓутоа, малку учесници очекуваат дека Драги безусловно ќе се согласи на грчките барања. „Пораката ќе биде јасна, без договор со еврозоната, ЕСВ треба да го прекине поддржувањето на грчките банки со готови пари“, вели за AFP Кристијан Шулц, економист од банката „Berenberg“.

Премиерот Ципрас и министерот Варуфакис се на европската турнеја за своите идеи да ги запознаат партнерите во Европската унија, како да се продолжи откако во предизборната кампања ветија дека ќе ги прекинат мерките за штедење кои Грција ги прифати од меѓународните доверители во замена за огромната финансиска помош која земјата ја спаси од банкрот.

Ципрас во вторникот во Рим разговараше со италијанскиот премиер Матео Ренци, а веднаш по состанокот со тројцата челници на ЕУ, од Брисел отпатува за ПАриз на разговори со францускиот претседател Франсоа Оланд./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара

Објавено пред

На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.

dobivaj vesti na viber

Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.

На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.

Засега не е познато дали детето е повредено.

Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

Прикажи повеќе...

Регион

По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага

Објавено пред

17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.

dobivaj vesti na viber

Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.

Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.

Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.

Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.

Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Објавено пред

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.

Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.

Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.

Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.

„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.

Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.

Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет11 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет14 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет15 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет17 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет18 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет18 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет19 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет19 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет20 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија2 дена

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија2 дена

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија2 дена

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 дена

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...