Регион
Ципрас повторно во коалиција со Каменос

Победникот на вонредните парламентарни избори во Грција, левичарската партија Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас повторно ќе влезе во коалиција со партијата Независни Грци на Панос Каменос, пренесуваат грчките медиуми.
Врз основа на 92 проценти од преброените гласови, Сириза на изборите освои 35,54 проценти од г ласовите, а конзервативната партија Нова демократија освои 28,03 отсто, објавило грчкото министерство за внатрешни работи. Според резултатите, Сириза ќе има 145 пратенички места од вкупно 300, додека Нова демократија, пак, ќе има 75 пратенички мандати.
На трето место следува Златна зора со 6,95 отсто освоени гласови, односно 18 пратеници, а потоа следи партијата Пасок со 6,27 отсто, односно 17 пратеници во Парламентот. Партијата на комунистите освоила 5,59 отсто и ќе има 15 места во Парламентот, а потоа следат Потами (Река) и Независни Грци со 11 отсто, односно 10 пратенички места.
„Од утре ќе формираме влада со Алексис Ципрас како премиер“, изјавил лидерот на Независни Грци, Панос Каменос.
Излезноста на изборите изнесуваше 55,4 отсто, додека, пак, на јануарските избори истата изнесуваше 63,6 отсто. Во првото обраќање по повод победата, Ципрас порача дека Сириза добила нов четиригодишен мандат за опоравување на земјата, но дека до тоа нема да дојде со помош на магија, туку преку напорна работа.
„Постигнавме огромна победа, тоа е победа на народот. Жестоко се боревме. Грчкиот народ нам ни даде јасен четиригодишен мандат за борба“, рекол Ципрас во говор пред своите приврзаници.
Грчките политичари веќе имаат големо искуство со политиката на штедење. Првиот пакет на помош во 2011-та година скапо ја чинеше власта на тогашниот премиер и лидер на Пасок, Јоргос Папандреу, а цената на вториот пакет помош пак, ја плати и поранешниот лидер на Нова демократија, Андонис Самарас. За разлика од нив пак, Ципрас преживеа и сега од грчкиот народ доби нов мандат за справување со должничката криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.