Регион
Ципрас се надева дека договор ќе се постигне 48 часа по референдумот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува да постигне нов договор за помош од кредиторите во рок од 48 часа по референдумот во недела.
Тој соопшти дека проблемот којшто го имаат граѓаните со затворените банки нема долго да трае.Ципрас за TV ANT1 изјави дека сцените во Грција, како што се редиците пред банките и пензионерите кои со часови чекаат на пензиите се непријатни и за тоа ги обвини грчките партнери од еврозоната коишто ја принудиле Европската централна банка да ги замрзне финансисрањето за банките кое е од витална важност.Министерот за државна управа на Грција и близок соработник на Ципрас, Никос Папас претходно изјави дека грчките банки ќе бидат отворени кога официјална Атина ќе постигне договор со меѓународните кредитори.„Тоа, се надеваме дека ќе се случи набрзо по референдумот закажан во недела“ изјави Папас.Ципрас ги повика Грците на референдумот во недела да гласаат против договорот за меѓународна помош, отфрлајќи ги предупредувањата дека со мнозинското „не“ Грција ќе излезе од еврозоната./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.