Регион
Ципрас се срами што е член на ЕУ поради миграциска криза
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави во петокот дека се срами што е член на Европската унија чиишто членки „ја префрлаат вината една на друга“ за мигрантската криза и „лицемерно леат солзи“ по децата кои се удавија во обидите да дојдат до Унијата.
Најмалку 35 луѓе се удавија оваа седмица во обидот да го минат Егејското Море меѓу Турција и Грција, со што бројот на жртвите меѓу кои има многу деца, се искачи на 3.000 луѓе.
„Срам ми е што сум член на ова европско лидерство, како поради неспособноста на Европа во решавањето на оваа човечка драма, така и поради расправата на високо ниво на која високите функционери ја префрлаат вината едно на други“, изјави премиерот Алекс Ципрас пред грчките пратеници.
Во еден од најострите коментари за кризата којашто ја доживува Европската унија, Ципрас рече дек Грација не ската „ниту едно евро“ за спасување на илјадниците имигранти коишто секојдневно пристигнуваат на нејзините брегови. Грција е почетокот на транзитната рута за повеќе од 500.000 бегалци и имигранти коишто од јануари годинава побегнале пред судирите и сиромаштијата на Блискиот исток, Африка и Азија, предизвикувајќи конфронтации меѓу европските држава.
„Лицемерно леат солзи по мртвите деца на бреговите на Егејското Море. Мртвите деца секогаш предизвикуваат така и жалење, но што е со живите деца кои пристигнуваат со илјадници и се натискани на улиците? Нив никој не ги сака“, рече Ципрас, одговарајќи на пратеничко прашање да ја објасни согласноста на неговата влада привремено да им пружи засолниште на 50.000 бегалци, пред да бидат преместени во другите земји, дадено на минатонеделниот мини самит во Брисел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции од ЕУ
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош.
Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто лица кои добиле субвенции од ЕУ со лажни документи.
Стотици земјоделци од целата земја протестираат со трактори пред Министерството за аграрен развој. Главната иницијатива е од сточарите од островот Крит, кои пристигнаа специјално за демонстрациите во грчката престолнина. Во Александрополис, тие го блокираа аеродромот за да го спречат премиерот Мицотакис да го посети регионот. Во Солун, десетици трактори го запреа сообраќајот на патот кон Халкидики. Друга голема група е пред Министерството за Северна Грција. Во Лариса, сообраќајот на автопатот е исто така блокиран.
Денешните протести се само предупредување, велат земјоделците. Земјоделскиот сектор покажува подготвеност за активни протестни акции. Пратениците од опозицијата и лидерите на партиите се придружија на демонстрациите во Атина.
Регион
Поплавени куќи, затворени училишта: поројните дождови предизвикаа колапс на грчкиот остров Лезбос
Ноќните поројни дождови на грчкиот остров Лезбос ги поплавија куќите и другите објекти на западниот дел од егејскиот остров и ги принудија локалните власти да затворат неколку училишта за инспекции и поправки, објави „Екатимерини“.
Најтешко погодени беа областите Калони и Скала, а жителите ја опишаа количината вода што падна на островот како невидена.
Одлуката за затворање сите училишта во западен Лезбос беше донесена како превентивна мерка поради интензивните и продолжени поројни дождови, кои зафатија значителен дел од островот предизвикувајќи прекини во сообраќајот и зголемувајќи го ризикот од патување за учениците и наставниците, наведоа локалните власти во соопштението.
Тие исто така им советуваа на жителите да се воздржат од непотребни патувања додека не се изврши целосна процена на штетите на патот.
Фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.
Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.
„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.
По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.
Фото: ЕПА

