Регион
Цирпас положи заклетва како нов премиер на Грција
Челникот на коалицијата на грчката радикална левица Алексис Ципрас ја положи во понеделникот свечената обврска како нов премиер на Грција, неколку часа откако постигна невообичаен коалициски договор со десничарската партијата Независни Грци, што му овозможи формирање влада која нема да ги почитува мерките за штедење договорени со меѓународните заемодавци.
Свечената обврска Алексис Ципрас ја положи во претседателската палата во Атина пред грчкиот претседател Каролос Папуљас, кому мандатот му истекува во март, а токму неуспехот на сега опозициската конзервативна Нова демократија на досегашниот премиер Антонис Самарас во парламентот да го изгласа неговиот наследник, според изборниот законик, доведе до распуштање на законодавниот дом и распишување парламентарни избори .
„Секогаш ќе се грижам за највисоките интереси на својата земја“, рече Цирпас пред Папуљас, што е спротивно на досегашната грчка традиција, според којашто новиот грчки премиер секогаш ја полага заклетвата пред поглаварот на Грчката православна црква, меѓутоа тоа е променето бидејќи челникот на радикалната левичарска коалиција Сириза е атеист.
На најмладиот премиер во грчката историја, 40-годишниот Ципрас на неделните предвремени парламентарни избори со својата Сириза му недостигаа само два мандата, и покрај „победничкиот бонус“ од 50 пратеници, до добивањето на апсолутното мнозинство во парламентот во 300-члениот парламент.
Според конечните резултати, Сириза освои 36,34 отсто од гласовите, или 149 пратенички места, а неговиот коалициски партнер десноцентристите од Независни Грци освоија 4,74 отсто или 13 мандата.
Од понеделникот најголема опозициска партија во Грција е Нова Демократија која освои 27,81 отсто од гласовите или 76 пратеници, на трето место е неонацистичката Златна зора со 6,28 отсто од гласовите и освоени 17 мандати. Следат центристичката партија Потами (Река) со 6,05 отсто или 17 места, Комунистичката партија на Грција (КПГ) со 5,47 отсто и 15 пратеници, а последна којашто успеа да го надмине изборниот праг од 3 отсто и да обезбеди пратенички мандати е досегашниот коалициски партнер на Самарас – Сегрчкото социјалистичко движење (Пасок) со 4,68 отсто од гласовите и 13 пратенички мандати.
Коалицијата меѓу Сириза и Независни Грци, иако и двете од крајните предели на политичкиот спектар, не изненадува бидејќи и двете парти се апсолутни противници на условите под кои Грција, во замена за строгите мерки на штедење, добива стотици милијарди евра меѓународна финансиска помош за излез од кризата. Независни Грци во предизборната кампања условите поставени за одобрување на помошта го нарекоа „меѓународен заговор“ против Грција.
Сириза во својата кампања истакнуваше дека нејзина главна цел е да стави крај на „современата грчка трагедија“, долгогодишната рецесија која надмина 20 отсто од домашниот бруто производ (БДП) во последните пет години, општата сиромаштија, презадолженоста на домаќинствата, стапката на невработеноста без преседан од 30 отсто а кај младите и повеќе од 60 отсто, пропаѓањето на малите и на средните претпријатија и крахот на социјалната држава.
Сириза е упорна во ставот дека стави крај на „грчката фискална одисеа“, дека програмата за помош потпишана со „тројката“ меѓународни доверители (Европската централна банка, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд) сега е минато, како и дека повторно ќе преговара за заемите. Истовремено најавува промовирање на програмата за општествено и економско реструктуирање, чија цел ќе биде развој во кој во прв план треба да бидат потребите на луѓето и нивната благосостојба, како и заштитата на природата.
Цирпас во кампањата, исто така, вети дека ќе води надворешна политика која ќе биде мирољубива, без учество во војни или во воени планови, како и политика на независност и пријателска соработка со сите земји, а особено со соседите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

