Регион
Црна Гора: Балканските криминалци имаат добра соработка, потребен е адекватен одговор

Балканските криминалци соработуваат одлично и институциите мораат адекватно да одговарат, порачал црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ, пренесуваат црногорските медиуми.
Балканските криминалци соработуваат одлично и институциите мораат адекватно да одговарат, порачал црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ, пренесуваат црногорските медиуми.
Коњевиќ најавил формирање на посебно полициско одделение кое ќе постапува по налозите на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал. Тој додал дека во однос на сузбивањето на криминалот, регионалната соработка е добра.
„Заедно беа решение некои од најтешките криминални дела во Црна Гора и Србија. Некои кривични дела се спречени преку размена на информации“, напишал Коњевиќ на својот Твитер профил.
Според црногорскиот министер од 1 јули следната година во Црна Гора, полицијата нема да ги обезбедува судовите во земјата и дека повеќе полицајци ќе се посветуваат на своите основни должности./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.