Регион
Црна Гора: Војската немала сознанија за планираните терористички напади
Црногорската војска, односно министерството за одбрана, немале сознанија за подготвуваните терористички напади на 16-ти октомври, соопштила црногорската министерка за одбрана Милица Пејановиќ Ѓуришиќ на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, пренесува РТЦГ.
Од Алијансата претходно соопштиле дека НАТО не е дел од истрагата за планираниот напад, односно дека тоа е работа на српските и црногорските власти. Спречениот терористички напад во Црна Гора не е предмет на расправа на состанокот на министрите за одбрана во седиштето за Алијансата, изјавил унгарскиот амбасадор во НАТО, Петер Станај.
Словенечкиот државен секретар Милош Бизјак смета дека инцидентот е загрижувачки и за неговата земја, која е во близина на Црна Гора, додека од НАТО соопштиле дека не се дел од истражните органи за обидот за терористички напади на изборниот ден. Станај, пак, смета дека инцидентот нема да влијае на натамошниот пат на Црна Гора кон членство во НАТО.
„Спречениот терористички напад во Црна Гора не е предмет на расправа во НАТО. Колку што знам, процесот на ратификација е во тек. Се надевам дека ќе заврши следната година, односно што е можно поскоро“, истакнал тој.
Бизјак порачал дека е запознат со состојбата, односно дека членството во НАТО е начин на кој можат да се спречат такви напади. Претставниците на Алијансата, пак, на црногорската министерка и пренеле уверување и очекување дека Црна Гора, како држава која е на прагот на членство, ќе обезбеди стабилност во функционирањето./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

