Регион
Црногорска опозиција се противи на членството во НАТО
Министрите на државите членки на Северно-атлантскиот воен пакт донесоа погрешна одлука со која се подигнуваат тензиите во Црна Гора, оцени опозиционата Социјалистичка народна партија (СНС), по повод поканата за полноправно членство во НАТО.
„Да и се прати покана на Црна Гора, чие мнозинство граѓани се против членство во НАТО, претставува директна агресија на мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на нашата држава. Факт дека се предвидени недефинирани услови како што се прилагодувањето на системот на одбрана, реформите на владеење на правото и јакнење на поддршката на јавното мислење говори за политичка одлука на министрите на НАТО“, вели лидерот на СНС, Срѓан Милиќ.
Тој истакна дека само на граѓаните на НАТО им припаѓа правото да одлучат за својот суверенитет.
„При носењето на евентуална одлука за влегување на Црна Гора во НАТО не смее да се заобиколи волјата на граѓаните на Црна Гора. Сметам дека граѓаните имаат право по ова прашање директно да се изјаснат на фер, слободен и демократски референдум, кој би бил паралелно организиран со парламентарните и локалните избори“, наведе Милиќ. /крај/
Извор: vijesti cg
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

