Регион
Црногорските полицајци наместо пендраци ќе користат спреј
Со нацрт измените и дополните на законот за внатрешни работи, Црна Гора донесе одлука со која полицијата наместо пендрак, отсега ќе користи рачен спреј како средство за принуда, пренесуваат црногорските медиуми.
Како што било наведено во црногорскиот полициски магазин Документ, рачниот спреј, кој има својство на солзавец, ќе се користи за да се намали употребата на пендраците. Пендраците ќе се користат само во случаите кога спрејот ќе се покаже како неефикасно средство за одбивање на напад.
Генералниот директор на црногорскиот Директорат за безбедносни работи и надзор, Милош Вукчевиќ, кој го подготви измените во овој закон, оценил дека со нив значајно ќе се придонесе за уредувањето на работата и делувањето на припадниците на полицијата.
„Спрејот ќе се применува тогаш кога ќе бидат исполнети сите услови за примена на физичка сила, а намерата е да се намали употребата на пендраците, кои ќе се употребуваат тогаш кога спрејот нема да може да ја постигне целта, односно да го одбие нападот врз полицискиот службеник“, објасил Вукчевиќ.
Покрај користењето на спрејот, со измените во законот се предвидува и прекинување на работниот однос на сите полицајци кои ќе бидат осудени за корупција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ердоган: Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници од 2025 година
Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани кои доаѓаат од тие региони почнувајќи од 2025 година, изјави денеска претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.
„Почнувајќи од 2025 година, ќе обезбедиме безбедност надвор од нашите јужни граници, особено во однос на прашањето за тероризмот и ќе ги елиминираме заканите кои доаѓаат од тие региони“, рече тој на конгресот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) во провинција Баликесир.
Говорејќи за падот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, Ердоган рече дека Турција „ги поддржа братските врски“, им помагаше на оние на кои им е потребна и уште еднаш излезе победник, јавува агенцијата „Анадолија“.
„Тестот на хуманоста го положивме со високи оценки“, заклучи Ердоган.
Од падот на режимот на Асад, Турција изврши неколку напади врз курдските милитанти во Сирија, вклучително и членовите на Народните одбранбени единици (ЈПГ), кои ги смета за продолжување на Курдистанската работничка партија (ПКК).
ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја прогласија за терористичка организација, започна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а во тој конфликт досега се убиени 40.000 луѓе.
Анкара неодамна инсистираше на тоа дека ЈПГ мора да се распушти, тврдејќи дека нема место за групата во иднината на Сирија.
Анкара рутински извршува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, а операциите што ги спроведува денес се дел од тековните судири меѓу фракциите поддржани од Турција во Сирија и ЈПГ, според Ројтерс.
Регион
(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева возило ја пробило блокадата, удрило во студентот и го носело на хаубата.
По тој инцидент, соопштија, жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.
„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.