Регион
Дачиќ: Членството во ЕУ е приоритет за Србија, нема санкции против Русија
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача во петокот во Брисел дека главната надворешнополитичка цел на Белград и натаму останува членството во Европската унија, како и дека Србија следите години постапно ќе ја усогласува својата надворешна, безбедноста и одбранбена политика со ЕУ, но дека не мисли да воведува санкции против Русија, како што тоа го стори Брисел.
Зборувајќи пред дипломатите во Центарот за европска политика во Брисел, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, порача дека неговата земја нема дилеми околу членството во Европската унија како приоритет на нејзината надворешна политика, и покрај фактот дека не им се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, ниту тоа ќе го стори, бидејќи има „свои сопствени државни интереси“.
„Свесни сме за своите обврски и тика нема ништо спорно, а единствената работа околу којашто не се согласуваме со ЕУ се санкциите против Русија, кои не можеме да ги поддржиме исто како што не го поддржуваме и ембаргото на Русија на увозот на храната од ЕУ“, рече Дачиќ.
Шефот на српската дипломатија го повтори ставот за неутралноста во однос на НАТО, истакнувајќи дека со оваа воена организација се соработува низ проектот Партнерство за мир, како и преку највисокото ниво на врски со Алијансата за држава којашто не сака да биде членка на сојузот. Дачиќ, исто така, нагласи и дека Србија сака да го надомести досегашното големо заостанување поради балканските кризи и судири.
Според белградските електронски медиуми, претходно во петокот Дачиќ присуствувал на скринингот за преговарачкото поглавје во врска со надворешната политика и укажал дека процентот на усогласеност на надворешните политики на Србија со надворешната политика на ЕИ „е повеќе од 90 отсто“.
Дачиќ оцени и дека контроверзиите за изградба на гасоводот Јужен тек мора да ги решаваат ЕУ и Русија, но дека Србија со Русија за овој проект потпиша договор кој не е спорен, имајќи предвид дека не е членка на Унијата.
„Не се гради Јужен тек поради Србија, туку поради ЕУ, а ние не можеме да се смрзнуваме за да излеземе принципиелни“, рече Дачиќ, истакнувајќи дека Србија нема да го гради гасоводот доколку Брисел и Москва не се договорат, потсетувајќи дека Србија рускиот гас може да го добива само преку Бугарија која е членка на ЕУ.
Дачиќ како неосновани ги отфрли забелешките за посетата на рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека не гледа зошто би претставувало проблем доколку српските функционери разговараат со Путин, а не е проблем кога тоа го прават западните политичари, почнувајќи од германската канцеларка од францускиот претседател.
Челникот на српска дипломатија оцени и дека е „видливо“ оти Германија и некои други земји членки на ЕУ не сакаат да издвојуваат средства за новите членки, иако тие правила важеа досега, и истакна дека очекува оти Србија уште годинава ќе ги отвори првите поглавја во преговорите за придружување на Европската унија./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

